Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“, проблемот на СДС е криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДС е партија на многу интриги и проблеми, се велли во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал заради што секој мисли дека се криминалци.

— реклама —

Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДС е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и менторот Заев, кои ја доведоа СДС на вака ниски гранки.

— реклама —

Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДС, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите.

Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаа врз СДС и народот сето тоа го гледа.

Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси.

Наместо факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“. Тие „октоподи“ седум години му служеа на СДС како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.

Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања