Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговори зошто ја сокрил фирмата во Петрич од анкетниот лист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

,,Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие очигледно е местото од кое се вртат парите на фамилија Заеви и Филипче.

— реклама —

Тоа е адреса на која е фирмата на Филипче регистрирана на почеток за недвижнини, и тоа е истата адреса каде е и познатата фирма Медикал 420 БГ на Заеви.

— реклама —

Ова е фирма која има подружница и во Битола на лија адреса пак во 2022 година беа пронајдени наркотици вредни околу 800 илјади евра и покрај тоа што на фирмата и била одземена лиценцата. Лиценцата за производство на марихуана ја добила од владата на Зоран Заев, кој се изземал од одлучување кога се одземала истата.

— реклама —

Од оваа фирма, за која Заев потврдил дека тој и негово блиско лице имаат интерес потекнува и дел од марихуаната која беше запленета, а во акцијата водена од американската ДЕА, Агенција за борба против дрога на запленување, беше уапсен и личниот шофер на Трајче Заев и полициски командир.

За овој скандал известуваа телевизии од регионот. Конкретно албанската телевизија Ора објави разговори од кои се доаѓа до сознание за обид на високи функционери од владејачката гарнитура кои интервенирале акцијата на ДЕА да не успее. Меѓу другото, телевизијата објави дека во тоа бил вмешан и Трајче Заев, братучед на тогашниот премиер, Зоран Заев.

Ова покажува како СДС владееше.

Оттука Венко Филипче е должен да одговори зошто ја сокрил фирмата во анкетниот лист, дали ја сокрил за да не се поврзе со Медикал 420 од која исчезнува марихуана и за да не се поврзе со скандалот да се оневозможи акцијата на американската ДЕА?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 2 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 5 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања