Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници на СДС крвнички тепале странски државјани во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryooa4j82f6m1v7nSTaQ9

Кандидати за советници на СДС од Струмица крвнички претепале странски државјани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека СДС и Венко Филипче продаваат европски вредности, нивни кандидати за советници во Струмица тепаат луѓе. СДС го покажа вистинското лице – партија без програма и визија, но со насилници и тепачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од опозицијата посочија дека станува збор за Христијан Ефтимов, претседател на младите на СДС и кандидат за советник во Советот на општина Струмица, и Илија Стојанов, исто така кандидат за советник. „Овие лица, блиски до структурите на СДС, во Струмица крвнички тепале странци“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се потсетува и на други случаи на насилство поврзани со членови на владејачката партија, меѓу кои градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „во видно алкохолизирана состојба тепал припадник на МВР“.

— реклама —

„Низа е долга – од советникот Аки Акимов од Кочани, кој делеше тупаници во Советот и се закануваше, па се до актуелните случаи во Струмица. За сите овие инциденти Филипче не се огради, иако е фотографиран во блиски контакти со Акимов“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачаа дека Венко Филипче мора јавно да се огради од насилниците во редовите на СДС и да го осуди насилството. „Луѓето како Ефтимов и Стојанов не смеат да бидат иднината на државата. На Струмица ѝ се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 45 секунди

— реклама —
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања