Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошело народните пари за донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното. Последен во низата скандали беше отпишување на долгот во висина од 14 милиони евра, а долгот го отпиша претходното раководство. Долгот беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ.

— реклама —

Што правело претходното раководство, каде завршувале парите на граѓаните?

— реклама —

Одговорот е едноставен, парите оделе за донации и спонзорства.

— реклама —

За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило, односно донирало и спонзорирало 22.712.500 денари.

Станува збор за следни донации и спонзорства.

Прво, Фитнес клуб Динамик Скопје добил 200.000,00 денари.

Второ, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво Скопје.

Трето, донација или спонзорство има и на име Шкендија-Арачиново со исплата во март годинава во износ од 300.000 денари.

Оттука се поставуваат низа на прашања зошто АД МЕПСО донирало кај стигне, која била целта да спонзорира во фитнес клубови, фудбалски клубови или пак невладини организации. Објаснување и цел на донациите нема.

АД МЕПСО има две клучни улоги, а тоа се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. АД МЕПСО треба да обезбеди оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците. Поради фактот што Македонија немаше стабилен енергетски систем, имаше покачување на цените на електричната енергија или бевме ограбена држава.

Заклучокот е дека народните пари се трошеле недомаќински, односно за донации, а не за стабилен енергетски систем.

Ова е резултат на расипничкото владеење на СДС и ДУИ.

Денес продолжуваме со нови информации за тоа каде АД МЕПСО донирало!

За секое незаконско работење одговорност мора да има!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 3 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 7 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања