Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче и Заев за лиценците за канабис и запленетата марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од поранешниот министер за здравство Венко Филипче во врска со издавањето лиценци за одгледување канабис за медицински цели и последните заплени на марихуана, тврдејќи дека во периодот на владеење на СДСМ биле поставени темелите за злоупотреби во овој сектор.

— реклама —

Од партијата обвинија дека Филипче „жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев“, додавајќи дека Македонија во тој период, наместо да има строго контролирано производство за медицински цели, била претворена во „балкански нарко-центар“. Според нив, запленетите 40 тони марихуана водат до фирми блиски до Зоран Заев и Венко Филипче.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве потекнува од компанија во сопственост на лица поврзани со Заев, наведувајќи дека медицинската марихуана била параван за организиран криминал од големи размери.

— реклама —

Партијата поставува прашања зошто, како што наведуваат, било дозволено одгледување канабис на отворено спротивно на закон, кои биле мотивите за таквите одлуки и дали некој профитирал од нив. Дополнително, бараат објаснување дали измените на правилникот биле донесени по насока од тогашниот премиер и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија.

Во соопштението се наведува и прашањето зошто Заев, според нив, лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.

ВМРО-ДПМНЕ порача дека останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата, на изградба на стабилни институции и владеење на правото, потенцирајќи дека за случајот мора да има одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaev-filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiteq89p8dvfv9ann7ah

Ќосето му одговори на Заев: „Иде време за наплата“

Коментари | пред 1 месец

media-libraryg0t9jvdbjaqh972Y0KU

„Одговорноста не застарува“: Ченто реагира на изјавата на Заев

Коментари | пред 1 месец

media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања