Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗАЕВ

media-librarygckl97mlsesgelKCcAB

Лефков: Заев и Филипче се врзуваат со згради, авиокомпании, фирми и јахти – дали парите се од продажбата на името на Македонија?

Во јавноста неодамна излегоа вести и фотографии од декласифицирани документи, според кои првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, во 1992 година одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името на државата. Пратеникот Миле Лефков на прашање на новинарите каков е неговиот став во врска со ова, го поврза случајот со поранешната влада на СДСМ.„Ова е навистина едно значајно прашање кое  отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај.И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин  и за колку пари го продале ако го сториле истото?ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство“, вели Лефков.

Македонија | пред 3 седмици

zaev-filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?

Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.Владата на СДС намерно го сменила правилникот со оглед на тоа дека претходните политики и јавни заложби на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, беа проширување и легализација на пазарот на канабис.Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион.Сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiteq89p8dvfv9ann7ah

Ќосето му одговори на Заев: „Иде време за наплата“

Горан Ангелов, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, со остра порака реагираше на изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев, кој претходно изјави дека никому не му се одмаздил за случувањата во парламентот.„Не сум се одмаздил на никој од 27“, рече Заев, додавајќи дека никогаш не ја злоупотребил својата политичка позиција, но дека „сега е доста“.На ова Ангелов возврати со серија обвинувања и тешки зборови, посочувајќи дека осудените за 27 април издржувале долгогодишни затворски казни и дека дел од нив се соочуваат со сериозни здравствени последици.„Не ти беше малку што лежевме по осум години? Не ти беше малку што починаа Игор и Кире? Деведесет проценти од луѓето за 27 се со хронични болести, покрај растурени и уништени семејства“, напиша Ангелов.Тој во својата објава упати и порака, наведувајќи дека „иде време за наплата“.

Коментари | пред 1 месец

zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче и Заев за лиценците за канабис и запленетата марихуана

ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од поранешниот министер за здравство Венко Филипче во врска со издавањето лиценци за одгледување канабис за медицински цели и последните заплени на марихуана, тврдејќи дека во периодот на владеење на СДСМ биле поставени темелите за злоупотреби во овој сектор.Од партијата обвинија дека Филипче „жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев“, додавајќи дека Македонија во тој период, наместо да има строго контролирано производство за медицински цели, била претворена во „балкански нарко-центар“. Според нив, запленетите 40 тони марихуана водат до фирми блиски до Зоран Заев и Венко Филипче.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве потекнува од компанија во сопственост на лица поврзани со Заев, наведувајќи дека медицинската марихуана била параван за организиран криминал од големи размери.Партијата поставува прашања зошто, како што наведуваат, било дозволено одгледување канабис на отворено спротивно на закон, кои биле мотивите за таквите одлуки и дали некој профитирал од нив. Дополнително, бараат објаснување дали измените на правилникот биле донесени по насока од тогашниот премиер и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија.Во соопштението се наведува и прашањето зошто Заев, според нив, лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.ВМРО-ДПМНЕ порача дека останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата, на изградба на стабилни институции и владеење на правото, потенцирајќи дека за случајот мора да има одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg0t9jvdbjaqh972Y0KU

„Одговорноста не застарува“: Ченто реагира на изјавата на Заев

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.„Денешната изјава на Зоран Заев е навреда за интелигенцијата на народот.Човекот кој ја распарчи државата зборува како да нема ништо со хаосот што го остави зад себе.Под негово водство, Македонија беше понижена, институциите уништени, а судството сведено на алатка за пресметка со неистомисленици.Зад неговите "реформи“ останаа скршени животи, неправди, прогон, селективна правда и страв. Луѓе беа жртвувани за политички маркетинг, а државните интереси заменети со лични договори и туѓи агенди.Ова не е политика.Одговорност мора да има!Вистината може да се одложува, но не и да се избрише.И колку и да се крие зад изјави и медиумски настапи, одговорноста не застарува.За сè што направи, мора да одговара за своите постапки –И ТОА ЧАС ПОСКОРО.Македонија памети“, напиша Ченто.

Коментари | пред 1 месец

media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина, вели ВМР-ДПМНЕ.„Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина.Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поврзувајќи ги со, како што рече, низа скандали и сомнежи за криминал поврзани со производство и трговија со марихуана.Петрушевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, името на Зоран Заев се појавува во речиси сите случаи во кои постои сомнеж за криминал, заедно со Венко Филипче, кого го нарече негов близок соработник. Тој оцени дека јавните настапи на Заев се, како што рече, „изблик на нервоза“ поради наводи дека лица блиски до него биле фатени „на лице место“.Пратеникот тврди дека Заев не ја говори вистината кога вели дека не гради во Дубаи и дека постојат јавни сведоштва според кои и тој и Филипче поседуваат т.н. златна виза. Според Петрушевски, Филипче претходно објаснувал дека визата ја добил како лекар, а постави прашање врз која основа Заев ја добил истата.Во обраќањето, Петрушевски истакна дека, според ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од Заев била основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија. Тој тврдеше дека околу 70 проценти од запленетата дрога ѝ припаѓа на фирма поврзана со кадар на СДСМ, односно со лице блиско до Заев, додавајќи дека само во текот на вчерашниот ден во струмичкиот регион биле запленети околу 30 тони дрога.Како што наведе, станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, која, според неговите зборови, е поврзана со Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, при што формалната сопственост била на неговиот син, Христијан Котев. Петрушевски додаде дека Котев бил познат и по бизнис-релации со Вице Заев.Тој изјави дека, според документи со кои, како што тврди, располага ВМРО-ДПМНЕ, фирмата на Котев во период пократок од шест месеци во 2025 година испорачала 19 тони марихуана до скопска фабрика, каде што подоцна започнала полициска акција. Дополнително посочи дека дозволата за работа фирмата ја добила во 2020 година, кога премиер бил Заев, а министер за здравство Филипче.Петрушевски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажувала оти лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале на лица блиски до Заев, а не врз основа на исполнување на законските услови, наведувајќи и други примери на фирми кои добиле дозволи во истиот период.Од ВМРО-ДПМНЕ упатија апел до Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата во која била запленета марихуаната, како и да се утврди зошто, според нивните тврдења, Заев лично се интересирал и контактирал со државни институции во врска со случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Петрушевски порача дека борбата против криминалот, според ВМРО-ДПМНЕ, е јасна и дека, како што рече, ќе дојде крајот на „наркокартелот на Заеви“.

Македонија | пред 1 месец

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Го браниш својот криминал кој се запленува во форма на дрога во родната Струмица

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на јавниот статус на поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи дека тој, како што наведуваат, се јавил во одбрана на криминал поврзан со големите заплени на дрога во струмичкиот регион. Од партијата тврдат дека последните денови јавноста сведочи на конфискација на значителни количини дрога која, според нивните наводи, потекнува од фирми и лица блиски до Заев и неговото политичко опкружување.„Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица.Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт - дрога.Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

zaev-2

Се огласи Заев, се закани со тужба: Не сум поврзан со канабисот, немам облакодери во Дубаи, ниту сум вршел притисок на Жан Митрев

Експремиерот Зоран Заев јавно ги демантира, како што ги оценува, лагите и клеветите што, според него, со години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, партиските портпароли и медиуми блиски до партијата. Тој истакнува дека веќе пет години е целосно надвор од политиката, откако поднел оставка од сите политички и државни функции, но и покрај тоа, неговото име, како што вели, континуирано се злоупотребува во јавноста.„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди. Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање. Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста.Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа. А без никаква срам, подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката а посебно во овие скоро две години колку што се на власт, како онаа дека градам некакви облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, дека се мешам во работата на правосудните и други институции, како и уште низа други измислици и конструкции. Трпам секојдневни навреди веќе пет години. Сите знаат дека никогаш не сум сакал да тужам, се борев за слобода на говорот. Никому не сум му се одмаздил за она што ми го направија на 27 април во Собранието, никогаш не сум ја злоупотребил политичката позиција, но сега е доста! Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се борам со сите правни средства да ја симнам оваа дамка од моето име“, напиша Заев.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

СДСМ прашува: Дали клеветата кон Филипче беше алиби за повлекувањето на Кедев

Од СДСМ поставија сериозни прашања за, како што наведуваат, координирани потези на власта поврзани со здравствениот скандал со наводно непотребни операции на срце извршувани во приватни клиники, откако Сашко Кедев се повлече од комисијата што требаше да го разгледува случајот.Според СДСМ, и покрај сериозноста на обвинувањата и јавните објави за овој скандал, од неговото појавување до денеска нема конкретни институционални постапки. Како што наведуваат, јавноста не е информирана кои лекари и кои приватни клиники се инволвирани, нема транспарентност околу наодите, а досега не е поднесена ниту една кривична пријава.Во партиската реакција се поставува прашањето дали настапот на Жан Митрев со обвинувања кон Венко Филипче бил искористен како повод власта да го повлече Кедев од комисијата, со што, според СДСМ, се отвора сомнеж за политичко влијание и прикривање на одговорност.„Ова ли е цената што сите треба да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека молкот на институциите и отсуството на конкретни чекори остава впечаток дека се купува време – за прикривање на траги, избегнување на одговорност или евентуално бегство од правдата.Опозицијата оценува дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и порачува дека ќе инсистира на целосно расветлување на случајот. „Нашата порака е јасна – ќе има одговорност, сите до еден“, наведуваат од СДСМ, барајќи итна реакција од надлежните институции и целосна транспарентност пред јавноста.

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Оформен предмет: Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде неговите удели

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема конкретни дејствија на проверки во предмет оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година, по однос на јавно изнесените наводи од Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“.Како што соопштија од Обвинителството, предметот е отворен поради тврдењата дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство наводно се обиделе да го принудат Митрев да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.„Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуалното постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, наведуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0pf801r4fk9fdofjZSX

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ„Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата.Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле. Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев.Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите“, се вели во сооштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев.Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.ЈО да не молчи.ЈО веднаш да го истражи случајот.Одговорност и правда мора да има“, се вели во соопштението

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhg5of4rvvgo6dfNfmAE

(Видео) Зошто Драги Книга не ги смири Груевски и Заеви?

Драги Митковски – Книга, поранешен близок соработник и експријател на ексградоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како и другар од детството на поранешниот премиер Никола Груевски, гостува во Претрес со Ландов со серија тврдења што директно навлегуваат во заднината на македонската политика.Во разговорот, Митковски отворено зборува за своите контакти со семејството Заеви, за личните односи со Вице Заев, но и за перцепцијата за политичкиот прогон, моќта зад сцената и улогата на поединци кои не се формално дел од власта, а имаат сериозно влијание врз политичките процеси.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygsrak3ns3r60cpq6689

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешните обвинувања од СДС за златната виза на Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата се фокусирала само на сумата и дали станува збор за долари или евра, додека суштинските прашања останале без одговор.„Интересно е како СДС веднаш се фатија за јадицата и за сумата колку чини визата Дубаи на Венко Филипче, намесникот на Зоран Заев. Од искуство изгледа знаат колку точно чини, па веднаш тоа ги погоди. Но, не одговорија како со докторска плата успеа да ја купи златната виза и дали истата е врзана со инвестициите во градежништвото и 42-катницата, за која има сведоштво од поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата додава дека СДС не одговориле ниту на прашањето дали, по дубајско време, Заев и Филипче ќе ја слават Новата година, туку се фокусирале само на „парите“.„А кога сме кај Харис Џиновиќ, им порачуваме да не се резилат – постои видео материјал кој покажува како Венко Филипче радосно го снима Зоран Заев како се весели со Харис во Дубаи“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryju2obfng2bsi3IzPLda

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поранешната влада предводена од Зоран Заев имала намера да прима мигранти и да гради мигрантски кампови во Македонија, додека, како што рече, денеска СДС и Венко Филипче јавно се противат на таква можност.Петрушевски повика јавноста да проследи видео, за кое тврди дека покажува оти Заев бил подготвен да вдомува мигранти, а дека за тоа немало противење ниту од Филипче.„Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото јасно се гледа кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС се рушат како кула од карти“, изјави Петрушевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес, како што рече, води јасна антимигрантска политика, во интерес на граѓаните.Петрушевски посочи и дека, според него, веќе два дена нема реакција од Филипче и од СДС за, како што ја нарече, „непостоечката тема за мигранти“, обвинувајќи ги дека избегнуваат одговори пред јавноста и медиумите.„Наместо да се кријат, нека одговорат колку мигранти биле подготвени да примат во Македонија и дали нивната гласност денес е обид да се прикрие фактот дека во 2018 година биле спремни да донесат илјадници мигранти во Скопје“, рече Петрушевски.На крајот, тој порача дека СДС и Филипче треба да ја извлечат пораката од, како што рече, последните три изборни циклуси, оценувајќи дека во партијата се неопходни сериозни реформи.

Македонија | пред 3 месеци

Dragan-Pavlovikj-Latas

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски

Драган Павловиќ-Латас повторно се огласи со остар статус, реагирајќи на вчерашниот фејсбук-статус на Зоран Заев упатен до Никола Груевски, како одговор на претходните обвинувања. Поранешниот уредник во Сител го исмејува поранешниот премиер Заев, го нарекува „неспособен да состави реченица“ и тврди дека обвинувањата упатени кон Груевски се „иронија“, бидејќи, како што наведува, затворската пресуда што Заев ја споменува била резултат на „корумпираното СЈО“.Латас жестоко го спореди Заев со други фигури во македонската политика, велејќи дека „по зло може да се мери само со Фрчковски, а по профитерство со Бучковски“. Тој тврди дека Заев „не смее да се споредува со никого“ и дека неговиот политички и економски биланс е „катастрофален“.Во текстот, Латас наведува статистики за економските показатели за време на владите на Груевски и Заев – од буџетските разлики, јавниот долг, па сè до странските инвестиции – тврдејќи дека владите на Заев и неговиот наследник постигнале „рекорден дефицит“ и помалку инвестиции отколку периодот 2006–2016.Тој фали и актуелниот премиер Христијан Мицкоски, пишувајќи дека „е единствениот кој по проекти може да се мери со Груевски“.Во финишот на текстот, Латас ја доведува во прашање способноста на Заев воопшто да води политика.„Заев не е за споредба. Заев е за истрага, ментално лекување и превоспитување“, пишува тој, завршувајќи со уште една метафора: дека од политичката „ливада“ на Груевски и Мицкоски „може да се напие чиста вода“, додека од бунарот на Заев – само „матни води или нешто полошо“.

Коментари | пред 3 месеци

media-librarysnitfi36v2r9arHHYIU

Нова ескалација, Груевски пак му пиша на Заев: Народот ве крена од власт, а сега останува органите на прогонот да не се прават слепи

Поранешниот премиер Никола Груевски повторно се огласи од Будимпешта со обемен текст на „Фејсбук“, реакција на вчерашната објава на поранешниот премиер Зоран Заев. Во објавата, Груевски со објава на фотографија од Заев на негово маскембалско појавување, упати серија политички и корупциски обвинувања кон Заев, притоа наведувајќи дека неговата поранешна влада била подготвена на отстапки кои, според него, ја чинеле државата национални интереси.Груевски го нарече текстот на Заев „внимателно маскирана нервоза“, тврдејќи дека Заев лично стои зад партиските соопштенија на СДСМ. Според него, реакцијата на Заев е последица на „разоткривање на неговата дволичност, алчност и злоупотреби“.Обвинувања за економски интереси и врски со РусијаЕден од клучните делови од текстот се однесува на наводната трговија со руско железо.„Не тврдам дека Русија му дала нешто. Тврдам дека тој дава – пари за да купи железо кое го препродава, на фирма со скриена сопственост,“ пишува Груевски, обвинувајќи дека Заев приватно соработува со руски компании, и покрај неговиот јавен проевропски и антируски став.Истовремено, тој повтори претходни тврдења дека Заев добил „300 милиони евра во криптовалути“ како компензација за политички договори – тврдење кое Заев во минатото го отфрли како целосна невистина.Критики за Преспанскиот договор и домашната политикаГруевски ја посочува промената на името како најголем политички неуспех на Заев:„Грција доби повеќе отколку што некогаш сонувала. Тоа Заев го прифати, јас не.“Тој го нападна и начинот на кој, според него, Заев ги водел економските политики, наведувајќи дека бројот на вработени се намалил и дека биле „оштетени граѓаните со дивоградби, тендери, рекет и злоупотреба на службената позиција“.Во објавата повторно беа споменати и случаи што во минатото беа во центарот на јавноста: „Рекет“, наводната продажба на марихуана на црно, како и тврдењето дека Заев им доделувал концесии на фирми поврзани со него.Наводи за притисоци врз судствотоГруевски повтори тврдења дека Заев вршел притисок врз судот и обвинителството:„Објасни како судијата Кацарска доаѓаше во кабинет да ги слушне казните. Објасни за пратениците кои беа уценувани да гласаат за уставните измени.“Заев во својот ноќешен текст ги негираше сите овие обвинувања, нарекувајќи ги „измислици и проекции“.Лични тонови и продолжување на политичкиот конфликтГруевски го обвини Заев дека „и од политичка пензија управува со СДСМ“, тврдејќи дека партиските соопштенија се негово лично писмо.Тој својот текст го заврши со порака:„Народот ве крена од власт, а сега останува органите на прогонот да не се прават слепи.“

Коментари | пред 3 месеци

gruevski-zaev-14141

Заев со жесток одговор до Груевски: „Никола, најди си хоби. Знаеш каде ќе одиш кога ќе се појавиш во Македонија“

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска остро му одговори на експремиерот и азилант во Будимпешта, Никола Груевски, преку долга објава на социјалните мрежи. Во неа, Заев го обвинува Груевски дека „од досада“ продолжува да се занимава со политички прозивки и дека од „бегство“ се обидува да ја контролира партијата во Македонија.„Никола, тебе навистина ти е досадно, нели? Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш. Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе,“ пишува Заев, додавајќи дека Груевски „секојдневно дели задачи“ на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Заев тврди дека доколку Груевски ја одлежел, како што вели, „минималната казна“, денес ќе можел да зборува пред македонската јавност, „а не да пишува епопеи од бегство, кои никој не сака да ги прочита до крај“.„За разлика од тебе, ние пред политиката се занимававме со сопствена работа. А јас, иако веќе пет години сум во политичка пензија, нема ден да не ме спомнете. Толку ли комплекси сте натовариле?“ – продолжува Заев.Тој го обвини Груевски дека „се капе во украдените пари на граѓаните“, истакнувајќи дека самиот работи достоинствено и нема намера често да реагира на вакви објави.„Тоа значи дека ова е една од ретките прилики кога повторно го добиваш моето внимание,“ пишува поранешниот премиер, кој му порача на Груевски „да си најде хоби“ додека, како што саркастично вели, „се разубавува“.Во завршницата од објавата, Заев му порача:„Се надевам дека ќе дојде денот кога ќе се појавиш во Македонија – а добро знаеш каде ќе треба директно да одиш.“Тој ја заокружи реакцијата со коментар: „Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде. Поздрав од Македонија, полноправна членка на НАТО.“

Коментари | пред 3 месеци

media-library7tosqgkar7402KRoUt1

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас“ и бара истрага од ЈО

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение во кое упатува серија обвинувања за, како што наведуваат, можни злоупотреби во доделувањето на грантови и постапките во аграрниот сектор во периодот на владеење на СДСМ. Според опозициската партија, компанијата „Тргопродукт“ – позната по брендот „Мамас“ и во сопственост на семејството Заеви – во 2022 година добила грант од 1,4 милиони евра преку ИПАРД-програмата, што тогаш претставувало втор најголем доделен грант во рамки на оваа програма.Партијата тврди дека грантот следел по, како што наведуваат, „отпишување на жито вредно 800.000 евра“ во претходниот период. Од ВМРО-ДПМНЕ го поврзуваат тогашниот премиер Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за земјоделство Љупчо Николовски со, според нив, „взаемни услуги“ и „криминални шеми“.Опозицијата бара Јавното обвинителство да отвори постапка и да ги испита, како што наведуваат, сите околности поврзани со доделувањето на средствата и евентуални злоупотреби. „ЈО треба да постапи и да ги истражи случаите“, стои во соопштението.Во него, ВМРО-ДПМНЕ дополнително наведува дека Николовски и Филипче се дел од „коруптивна структура“ и дека, според нив, СДСМ не може да се профилира како конструктивна опозиција без „расчистување со компромитирани кадри“.Надлежните институции засега не реагирале на тврдењата, а никој од споменатите не се огласи со став.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhb8grqo5ojtpfs60elC

Мицкоски: СДСМ кампањата ја темели на учителот на Венко, Зоран Заев кој само знае да си ги брани инвестициите во СДСМ, меѓу кои и онаа во Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од  вечерашниот митинг одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, а воедно се осврна и на опозицијата која нема конкретни проекти и чија кампања се темели на нивниот учител и гуру, Зоран Заев.„Ние на овие избори излеговме со прецизна програма, со рокови, за прецизни работи неопходни за граѓаните, а од нив не слушнавме буквално ниту еден проект. Но слушнавме затоа за нови подароци кон нашиот источен сосед   слушнавме  за непринципиелни коалиции, слушнавме за соработка и ишарети со ДУИ, слушнавме дека судиите и обвинителите, оние истите со 2% рејтинг биле професионалци, но не само што слушавме туку и гледаме како кампањата им се потпира исклучиво на политичкиот гуру на нивниот претседател  Венко  Филипче, а тоа е Зоран Заев. Тој велеше дека ќе одел во политичка пензија, а гледаме како буквално грчевито се бори да си ја одбрани инвестицијата во СДСМ, исто како што ги брани инвестициите во Дубаи. За овие луѓе политиката е бизнис, а за нас  е начин како да им помогнеме на граѓаните. И она што е толку очигледно е нивното разбирање за домот. Нивниот дом никогаш не бил нашиот дом, а тоа се маалата, улиците, игралиштата, парковите, срдечноста во погледот, во ракувањето и поздравот со секој еден од вас, во искрениот напор да направиме повеќе за Берово, повеќе заедничко за нашата татковина и преубава Македонија“, вели Мицкоски.Мицкоски изјави дека СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните, како и дека се гледа нивниот политички крај и соочување со правдата.„Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин. И знаат дека со секој глас повеќе, со секоја поддршка повеќе за нас, тие се готови, а така го гледаат во очи нивниот  политички крај. А политичкиот крај значи и соочување со она од што најмногу се плашат, а тоа е правдата. Сето ова за што ви зборувам, драги мои, можевте да го видите на филмска лента во изминативе две и пол недели од оваа  кампања за првиот круг на овие локални избори. Сосема извесно е дека со еден избор одите напред, а со друг се враќаме назад. Сетете се само на оние 7 години кога влада беа СДСМ и ДУИ. Со еден избор се борите за твоето маало, за твојата општина и заедничката иднина, а со другиот се борите за нивните лични интереси. Затоа на овие избори е пресудно и клучно најпрвин да излезете да гласате“, рече Мицкоски.Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и поддршка за градоначалникот, Петар Ружински, за големи проекти и развој на општина Берово.„Затоа ве замолувам излезете на изборите на 19 октомври за неколку дена од денес, остварете го своето право, затоа направете го вистинскиот избор, а вистинскиот избор, убеден сум длабоко во себе овде во Берово е Петар Ружински. Петар е искрен и домаќин човек кој му треба на Берово – да се направат промени и големи проекти кои ќе ги решат дел од проблемите на овој преубав град на истокот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

1942279_boki_ls

Боки 13 за пресудата: Ременски ја ослободиле по јавување од Ковачевски, имам пораки дека Заев учествуваше во Меѓународен сојуз

Бојан Јовановски – Боки 13, во својата најнова епизода од подкастот, говореше за повторната постапка и новата пресуда поврзана со случајот „Меѓународен сојуз“.„Пресудата беше укината и требаше да се суди повторно. Таа е манлива по многу основи – од погрешно утврдена фактичка состојба до суштински повреди на постапката. Сепак, повторно се враќа кај истиот судија. И тука настанува конфликтот – судијата што еднаш те осудил, поради суета, нема да се предомисли, без разлика што можеш да му докажеш сè, како што направив јас“, изјави Јовановски.Тој тврди дека во повторената постапка доставил нови докази, меѓу кои и вештачење изготвено од професорот Орце Симов. Според Боки 13, анализата на телефонот покажала комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев, за кој, како што вели, „директно учествувал во разговори и активности поврзани со Меѓународниот сојуз и проектот за старечки домови“.„Овие кои наводно се оштетени, ми ги донесе Александар Кирацовски, а и Сиљан Мицевски беше вклучен во целиот процес“, изјави Јовановски, додавајќи дека „од Заев, преку Стефан Богоев, Наташа Петровска, па сè до Горан Сугаревски – сите биле вклучени во идејата и подготовките за проектот со старечките домови“.Тој остро ја коментираше и ослободителната пресуда на поранешната пратеничка Фросина Ременски, за која рече дека „била директно вклучена“ во проектот.„Фросина Ременски која активно учествуваше во сето ова, беше ослободена по јавување на Ковачевски. Замислете – ако таа беше мој помагач и влијаеше на луѓето да влезат во проектите, а сега ја нема, тогаш кој влијаел? На крај, сè се става на мој грб – како јас да сум бил премиер, пратеник, министер и перач на пари во едно“, рече Јовановски.Тој додаде дека други обвинети кои признале вина за перење пари добиле условни казни, додека тој добил драстична затворска пресуда рамна на тоа како да убил човек.„Јас не молчев, и нема да молчам. Ова е борба против неправдата“, порача Јовановски-Боки 13 во својот подкаст.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања