Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ за мерки за ковид кризата неосновано исплатила околу 100 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој.

— реклама —

Ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари.

— реклама —

Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ковид кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра. Станува збор за пари исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства.

— реклама —

Според Извештајот на Државна ревизија при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Или на владата на СДС и ДУИ и летнале 33 милиони евра во нечии џебови.

Колку за илустрација, овие околу 100 милиони се средства со кои можеше да се изгради нов клинички. Или за споредба, изградбата на нов клинички центар во Скопје според проектот од 2017 година ќе чинеше 128 милиони евра.

Оттука владата на СДС и ДУИ, средства колку за нов клинички, ги дели на сомнителен начин и без процедури.

Ова е само дел од злоупотреби констатирани од Државниот завод за ревизија. Продолжуваме со објава на детали од истиот Извештај во однос на други злоупотреби. Секој што постапувал спротивно на правните норми мора да одговара.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 4 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 8 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања