Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија, и без целосно почитување на безбедносните стандарди, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, Светска банка одобрила 30 милиони евра за изградба на модуларните болници, додека реалната цена по која биле изградени објектите била значително пониска и изнесувала околу 300.000 евра. Јавноста има право да знае каде завршиле парите и зошто профитот бил поважен од безбедноста на граѓаните.

— реклама —

Во здравството не смеело да се дозволуваат калкулации и импровизации за остварување на личен профит.

Според јавно изнесените тврдења на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, во обвинението биле опфатени само медицинскиот и економскиот директор на тетовската болница. Филипче бил надлежен за техничката документација. Се поставува прашањето зошто бил заштитен од правосудните органи.

— реклама —

Граѓаните имаат право да знаат зошто била дозволена изградба на болница со минимални стандарди и дали профитот бил ставен пред безбедноста.

Очекуваме Јавното обвинителство, согласно законите и доказите, целосно, темелно и неселективно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 17 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 17 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања