Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Внукот на Али Ахмети да биде вратен од Брисел каде седи на државен трошок, оти не направил ништо и има кривична за злоупотреби, бара министерот за економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
besjan-ahmeti

Откако Министерството за внатрешни работи поднесе против браќата Дрин и Бесиан Ахмети за злоупотреба со концесија за минерални суровини – министерот за економија, Бесар Дурмиши, во чие министерство од 2022 година е вработен Бесиан кој во моментов е испратен на дипломатска мисија во Брисел, побарал од МНР внукот на Ахмети најдоцна до крајот на август да биде вратен во земјава на своето работно место.

— реклама —

Според министерот, Бесијан Ахмети за една година во амбасадата во Брисел, каде бил задолжен за привлекување на инвестиции од Белгија, Луксембург и Холандија не направил ништо, дополнително согласно новата реорганизација на министерствата тој треба да биде преместен во министерството за енергетика, како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесии за геолошки истражувања на минерални суровини. Во однос на кривичната, но и концесијата за експлоатација на минерални суровини, која му била дадена во 2016 година, во време на ДУИ, кога тогаш на чело на министерството бил Дритон Кучи, Дурмиши вели пријави се веќе поднесени и за тоа ќе се погрижат органите на прогон.

— реклама —

„Тој е вработен во министерството за економија и труд, и министерството има поденсено барање кај МНР за да се врати на работно место бидејќи тоје однесен таму во мисија во дипломатска функција во амбасадата во Брисел како прв секретар за кој треба да ги надворешни инвестиции Белгија, Холандија, Луксембургние видовме дека до сеганема постигнати резулатати баравмед а биде вратен на работното место.“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија .

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 4 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 8 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 10 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања