Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Во Македонија возат точно 3.690 автобуси, но само 15 се „зелени“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
avtobus-jsp-2

Македонија се вбројува меѓу земјите со надпросечна застапеност на автобуси во однос на бројот на жители, но податоците откриваат друга, многу посериозна слика: возниот парк е речиси целосно дизелски и далеку од европските трендови на зелена и модерна мобилност.

Во 2024 година, во земјава биле регистрирани 3.690 автобуси, што изнесува околу 2 автобуси на 1.000 жители – повеќе од просекот на Европската Унија, која има 1,6 автобуси на 1.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Со ова, Македонија има слична или повисока густина на автобуси од повеќе земји во регионот, иако од неа предничи Албанија со 3,8 автобуси на 1.000 жители.

— реклама —

Но додека бројките се високи, структурата е проблематична. Огромен дел од македонскиот возен парк е стар и нееколошки: од вкупните 3.690 автобуси, 3.609 се со дизел мотори (97,8%), 63 се на бензин-гас, а само 15 – или 0,4% – се електрични. Во момент кога Европската Унија забрзано преминува на возила со ниски и нулти емисии, Македонија останува на самиот зачеток на транзицијата.

Податоците покажуваат и дека обновувањето на автобускиот возен парк кај нас е нешто повисоко од европскиот просек. Во 2024 година биле првпат регистрирани 379 нови автобуси, што претставува обновување од 10,2% – речиси двојно повеќе од просекот на ЕУ од 5,1%. Највисока стапка на обновување има Луксембург (11,6%), додека најниска е во Бугарија (0,7%).

— реклама —

Сепак, и покрај релативно добрата динамика на обновување, македонската транспортна флота и натаму е силно зависна од дизел. За споредба, ЕУ во 2024 година има регистрирано 6.746 нови автобуси со нулта емисија, а уделот на вакви возила е 17,8% од сите нови регистрации – значително повисок од уделот кај патничките автомобили.

Истовремено, стапката на моторизација во сегментот на патнички автомобили покажува дека Македонија и понатаму заостанува: земјава има 319 автомобили на 1.000 жители, далеку под европските 578, иако бројката значително пораснала од 2014 година.

Податоците недвосмислено сугерираат дека Македонија има голема мрежа на автобуси, но неопходни се забрзани инвестиции во еколошки возен парк за да се следат европските цели за чист транспорт и намалени емисии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Скопје добива градски воз и нови автобуси од септември

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Објавен повик за набавка на 150 електрични автобуси - министерството за транспорт ги објави деталите

Македонија | пред 1 месец

avtobus-jsp-2

ЈСП има 341 автобус, а исправни се 185: катастрофална е состојбата, има и драматичен пад на патници

Скопје | пред 2 месеци

0382090A-0539-4F2A-BBB6-9641D92671DA_1_105_c

Приватните автобуси „фатени“ на црвено поради должината и метежот, превозниците бараат да бидат „посебна категорија“

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања