Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(🔴ВО ЖИВО) За враќањето на Груби, бандата од Грчец, трагедијата во Карпош, (не)правдата за „Пулс“, подземјето зборува Ѓурчевски во „Претрес“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Студио
media-librarylep93vu9oss3f1tuehp

Вечерва во „Претрес“ гостува поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски – човек кој со години беше во срцето на борбата со подземјето.

Како е можно човек под истрага биде во бегство надвор од државата, па потоа да се врати без проблем? Артан Груби се врати со камери, со панцири околу него, заврши во куќен притвор – насмеан. Кој е договорот, дали е загрозен и дали закана му е подземјето?

— реклама —

Ќе зборуваме и за трагедијата во Карпош каде починаа мајката Ивана и нејзината ќерка Катја. Од 2019 година пријавувала малтретирање. Каде потфрли системот? Полицијата, Центарот за социјални работи, училиштето? Кој замижа пред насилството во полза на насилникот?

Случајот „Грчец“ – почнаа ли конечно да паѓаат вистинските криминалци или повторно ќе гледаме процес што ќе се распадне? Апликацијата Скај, разговорите, Шеваљ Муареми – човек кој се појавува на сцената уште од 2006 година. Кој ја сочинува таа група и од што заработуваат?

— реклама —

Една година од трагедијата во Кочани... Кој е газдата на „Пулс“ Деко? Каква (не)правда да се очекува? Се завлечка правдата, зошто? Кој е, а кој требаше да биде на обвинителна клупа?

Ќе зборуваме и за:
петте тони марихуана што поминаа низ легална граница
серискиот убиец во кумановско и пропустите на истрагата
кој ја проби акцијата „Планина“
Агим Крсниќи кој излегува од затвор
и дали нарко дилерите и денес седат по кафулиња.

И уште нешто: во претходното гостување Ѓурчевски тврдеше дека Артан Груби нема да одговара, дека Раде Штекли кога-тогаш ќе биде ликвидиран, Љупчо Палевски-Палчо ќе биде ослободен. Дали и денес стои зад тие зборови?

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv99820f27oh9b8CSgkI

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Студио | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryq6l58272tf2laAYx1qi

(Видео) Фериде Демирова со мерцедес, порше и три стана примала социјална помош, во ,,Претрес” говори нејзиниот адвокат

Студио | пред 1 седмица

media-library1kc4qpusmer32GLGcLU

(Видео) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица

Студио | пред 1 седмица

media-librarys8no8tfm6fb352yVw59

(Видео) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања