Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Возачите во Србија, Македонија и Албанија наскоро ќе плаќаат патарина со еден уред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
236452684_364139681964655_2526535282062383769_n

Возачите наскоро ќе плаќаат патарина по електронски пат, со еден уред ТАГ, во трите земји – Србија, Македонија и Албанија.

— реклама —

Ова треба да биде уште едно олеснување иницирано на последниот самит „Отворен Балкан“ што се одржа на почетокот на јуни во Охрид. Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона, пишува српски Блиц.

— реклама —

— реклама —

 

Отворениот Балкан „електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта на Србија“ напоменуваат дека ENP системите се базираат на истата технолошка платформа, DSRC – директна комуникација со краток дострел.

„Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута“, бјаснуваат во „Патишта на Србија“.

Според сегашниот предлог, предвидено е граѓаните на Србија во Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 отсто со користење на овој уред и реципрочно за граѓаните на Македонија и Албанија.

„За воведување на овој систем, кога станува збор за земјите учеснички, односно јавните претпријатија кои се занимаваат со наплата на патарина, потребни се соодветни технички и организациски подготовки на кои во моментов активно се работи, а кои вклучуваат вчитување на нови кодови на антени за читање на ТАГ уредите и друго. Потоа системот ќе биде тестиран, а почетокот на апликацијата се очекува во текот на летната сезона“, велат во „Патишта на Србија“.

Додаваат и дека единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите. Новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Македонија | пред 4 дена

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања