Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Возеле со 168 и 188 километри на час, а и пијани: МВР приведе шест возачи во Штип, Струмица и Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
DSC_4068

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 4 и 5 јануари 2026 година полициските службеници лишиле од слобода повеќе лица поради управување возила под дејство на алкохол и поради екстремно пречекорување на дозволената брзина.

На 5 јануари 2026 година, во 01:51 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З. (59) од Штип. При контрола во патниот сообраќај било сопрено патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски таблички, кое го управувал осомничениот. По преземените мерки било утврдено дека тој возел под дејство на алкохол, со 1,66 промили алкохол во крвта, по што бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

— реклама —

Ден претходно, на 4 јануари 2026 година во 04:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.Т. (27) од селото Добрејци, струмичко. Тој управувал патничко возило „киа“, а при контролата било констатирано дека има 1,70 промили алкохол во крвта. И во овој случај возачот бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Истиот ден, во 01:45 часот во Струмица, бил лишен од слобода и К.Р. (56) од селото Нова Маала, општина Василево. Тој управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки и кај него биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Полицијата привела и лица поради екстремно пречекорување на дозволената брзина. На 4 јануари 2026 година во 14:28 часот во Струмица бил лишен од слобода С.Б. (27) од Италија, кој управувал патничко возило „ренџ ровер“ со италијански регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час во населено место каде дозволената брзина е 50 километри на час.

Неколку часа претходно, во 13:13 часот на магистралниот пат А-4, на паркингот кај Дукатино, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.М. (43) од селото Дабиле, струмичко. Тој управувал патничко возило „фолксваген артеон“ со италијански регистарски таблички со брзина од 168 километри на час на делница каде сообраќајниот знак ограничува брзина од 80 километри на час.

На магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, на 4 јануари 2026 година во 16:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Л. (29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. Тој управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на настаните, против сите приведени лица ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0apu9u3ganaefeE18ye

Во Битола изгоре паркиран автомобил „форд“

Македонија | пред 4 минути

— реклама —
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Недоразбирање во сообраќај прераснало во физички напад во Битола

Македонија | пред 6 минути

vozacka-1

Три случаи на возење без дозвола во Битола и Прилеп

Македонија | пред 8 минути

media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

МВР: Приведен 22-годишник од Гостивар по агресивно однесување кон полицијата

Македонија | пред 33 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања