Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Вратете ми го телефонот“ – обвинетиот инспектор Георгиев со лична молба во судницата: Новото рочиште за „Пулс“ продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryv0daek6ng0du6VDEO84
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ се отвори нова полемика околу улогата на поранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), еден од обвинетите за тешки дела против општата сигурност. Тој, во судницата во Идризово побара да му биде вратен мобилниот телефон, кој му бил одземен како доказ во истрагата.

— реклама —

Изјавата на Георгиев ја пренесуваме дословно:

— реклама —

„Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција, немам никакви доказни материјали бидејќи сум немал никакви контакти со обвинетите.“

— реклама —

Георгиев посочи дека и натаму ги плаќа месечните сметки за уредот, нагласувајќи дека телефонот не содржи ништо што би го поврзало со останатите обвинети или со трагичниот настан.

Неговиот адвокат, Зоран Зафировски, подетално ја оспори правната основаност на обвинението, тврдејќи дека Обвинителството погрешно ги толкува надлежностите на градежните инспектори.

Според Зафировски, инспекторите немаат овластување да запечатуваат објекти, ниту да интервенираат во делокругот на управувањето со урбанистички планови. Тој нагласи дека Георгиев немал налог за вонредна контрола и дека никој не побарал од него да спроведе дополнителен надзор.

Одбраната смета дека во случајот „Пулс“ не се работело за пренамена од деловен во станбен простор, туку за пренамена „деловен во деловен“, поради што, како што тврдат, инспекторот немал законска обврска да преземе мерки.

Адвокатот дополнително побара судот да утврди дали воопшто постои временска рамка во која делото сè уште може да се гони, бидејќи Георгиев го вршел својот инспекторски мандат од 2005 до 2021 година.

Тој инсистира дека делото не може да се квалификува како сторено со умисла, туку евентуално со пропуст или небрежност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања