Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Втор ден се запленува марихуана: по конфискуваните девет тони, акцијата трае во струмичко со останатите околу 18 тони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

Откако вчера беа одземени околу девет тони марихуана од кругот на скопска фирма, Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и денеска продолжуваат со активности на терен, овојпат во струмичкиот регион. Како што веќе објави „Скопје1“, таму се запленуваат преостанатите околу 18 тони марихуана, со што вкупната количина опфатена со акцијата достигнува околу 27 тони.

— реклама —

Од Министерство за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека акцијата е во тек, но без да откриваат детали. „Активностите во однос на акцијата за која прашувате сè уште се во тек и поради тоа не сме во можност да споделиме дополнителни информации. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе биде информирана јавноста“, велат од МВР.

— реклама —

Со сличен став е и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од каде наведуваат дека поради тоа што сè уште се постапува на терен, во овој момент не можат да споделат повеќе информации со јавноста.

— реклама —

Акцијата во Македонија следува по настаните од пред неколку дена во Србија, кога тамошните власти запленија околу пет тони марихуана за кои официјално соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена ја отвори истрагата за поширока криминална мрежа, по што македонските институции започнаа координирана акција на повеќе локации во земјава.

Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде детално информирана по целосното завршување на претресите и истражните дејствија, кога се очекува и официјална потврда за конечната количина на запленетата дрога и евентуалните осомничени лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 5 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 9 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 10 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања