Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вучиќ за протестите во Ваљево: „Банда која цела вечер ја гаѓала полицијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
ad94dac4-af52-4d5f-89e0-ecd5591a5414

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за РТС изјави дека полицијата во Ваљево цела вечер била гаѓана со најразлични предмети и ја нарече групата демонстранти „банда“.

„Погледнете ја оваа банда која ги гаѓала цела вечер. Полицијата стои, не се движи, никого не допира, а тие ги напаѓаат“, рече Вучиќ, тврдејќи дека полицијата била „неверојатно толерантна и трпелива“.

— реклама —

Но, снимките од протестот „Вечерас пуцате по шавовима“ прикажуваат сосема поинаква слика – униформирани полицајци како удираат граѓани со палки, ги бркаат низ улиците, а дел од присутните се обидуваат да се сокријат. Според сведоштва, полицијата влегувала и во локали, извлекувала луѓе и ги приведувала, без разлика дали учествувале во протестот.

Движењето „Крени-Промени“ на социјалната мрежа X објави видео со имињата на полицајци од Прибој и други градови, кои, според тврдењата на граѓани и видео-доказите, учествувале во бруталното претепување. Меѓу наведените се: Терзиќ, Краина, Аврамовиќ, Којадиновиќ, Лаловиќ, Келовиќ, Радовиќ, Мујезиновиќ, Немања Павловиќ – Мачак и Жељко Рашевиќ.

— реклама —

Од „Крени-Промени“ порачуваат дека „сите ќе одговараат за секоја детска крв и солза на секоја мајка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 19 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 20 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања