Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
unnamed-4

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека хидросистемот Ѓавато е во процес на санација и дека во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен. Тој нагласи дека заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, на лице место ги утврдиле проблемите што со години наназад го попречувале системот да работи со полн капацитет. Мицкоски посочи дека голем дел од цевководите биле оштетени и нефункционални, што предизвикувало значителни загуби на вода.

— реклама —

Премиерот истакна дека благодарение на општествено одговорна компанија веќе се пристапило кон санација на цевките и дека се очекува во наредните денови тие да бидат целосно санирани, што ќе овозможи зголемување на количината вода која се носи до резервоарот и понатаму во Дојранското Езеро. Дополнително, тој нагласи дека од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда, додека останатите не се во функција. Планот на Владата е најскоро време да се оспособат уште четири пумпи, а потоа и дополнителни две, со што ќе се достигне целосниот капацитет на системот.

— реклама —

„Со тоа не само што ќе се подобри состојбата со Дојранското Езеро, туку ќе се помогне и на земјоделците и на граѓаните во регионот кои во одредени периоди од годината зависат од овој водовод,“ рече Мицкоски. Тој додаде дека Владата ќе донесе одлука фабриката за опрема и делови при склоп на РЕК Битола да ги демонтира и санира потребните пумпи во рок од десет дена.

— реклама —

Мицкоски најави и поставување на соларни панели и батериски системи со вкупна моќност од околу 2 мегавати, со што ќе се намалат огромните месечни трошоци за електрична енергија, кои сега изнесуваат околу 200.000 евра. Според него, ова ќе значи заштеда од приближно 2,5 милиони евра годишно, пари кои ќе се користат за одржување на хидросистемот.

„Пристапуваме системски, со цел Ѓавато да стане целосно оперативен и функционален во најскоро време,“ истакна премиерот, додавајќи дека години наназад апелите на вработените не биле слушнати од претходните власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 14 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 18 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања