Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zagadeno-magla-15

„Не само што владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ не презема никакви конкретни чекори за намалување на загадувањето на воздухот, туку и го намалува буџетот за клучни области како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Во предложениот Буџет за 2025 година, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, нема ништо предвидено.

— реклама —

Ниту најавената гасна конгенеративна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ја нема во предложениот буџет.

— реклама —

За власта на Мицкоски поважно е луксузирањето, па затоа во Буџетот има повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.

Со ова, власта на ДПМНЕ покажува дека не само што нема стратегија за борба против загадувањето, туку и нема волја да го подобри квалитетот на воздухот.

Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 18 минути

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 16 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 18 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања