Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Забрани за тешки возила на повеќе планински превои, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива по влажни коловози, а за тешки товарни возила е воведена забрана за сообраќај на повеќе планински превои, информираат од АМСМ.

— реклама —

Забраната за тешки товарни возила важи на превоите Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март 2026 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталните временски услови.

— реклама —

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Воедно, на повеќе патни правци има времен изменет режим на сообраќај поради градежни активности. Измени има на Коридор 10 на делницата Прилеп–Битола, на скопската обиколница кај Волково и Кондово, на експресниот пат Крива Паланка–Страцин, како и на регионалните и магистралните патишта каде се изведуваат санации и рехабилитации, со сообраќај регулиран со сигнализација, знаменца или семафори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Снег на повеќе планински премини – возете внимателно

Македонија | пред 3 дена

49140137_1046149632257509_3415473575644102656_n

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

Македонија | пред 1 седмица

sneg-2

Слаби врнежи од снег на Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево

Македонија | пред 1 седмица

sneg-2

Слаб снег на Шапка, Крушево и планинските премини Стража, Ѓавато и Буково

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања