Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Закани со убиство и палење куќа за 1.000 евра: три апсења за изнуда правена во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против тројца осомничени за кривично дело изнуда, по член 258 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, претставувајќи се како припадник на криминална група, со сериозни закани присилил оштетено лице да му исплати 60.000 денари. Од него побарал 1.000 евра со образложение дека ќе го „заштити“ од други луѓе кои наводно претходно му барале пари, заканувајќи се дека ќе го убие и ќе му ја запали куќата ако пријави во полиција.

— реклама —

Оштетениот првиот ден предал 30.000 денари, откако толку можел да подигне од банкомат, но потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, при договор за предавање на остатокот од парите, банкнотите биле крим-технички обработени. Веднаш по примопредавањето, осомничениот бил уапсен на лице место, а кај него биле пронајдени парите.

Истрагата опфаќа уште две лица за кои постои сомнение дека во август и септември, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го убедувале дека парите се наменети за други лица за да му го заштитат семејството, со што оштетениот бил присилен да исплати вкупно 27.000 евра.

— реклама —

Обвинителството до судијата на претходна постапка поднесе предлог за притвор на првоосомничениот, кој беше фатен на лице место, додека за другите двајца побара мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања