Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Законот за заштита од пушење не се одложува, тврди Министерство за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
pusenje

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.

„Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата.

— реклама —

 Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.

 Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок.

— реклама —

 Министерството останува отворено за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhfnqalpsiquvf5vHRu7

Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на ЕНЕР

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Пушењето водечка причина за рак на белите дробови: Во 2024 година починале 860 лица

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqpv0aevt0m2aamP2eRC

Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026–2030 година

Македонија | пред 4 месеци

azir-aliu

Сега се знае точниот број на здравствени работници: Новиот систем ќе ја скрши праксата на хаотични вработувања во здравството

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања