Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryh522eu7agt4s7Xr3xH3

Кејот на реката Вардар од утре започнува да добива нов лик, откако официјално ќе стартува реконструкцијата на спортските терени, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Како што информираше, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, вечерва извршиле обиколка на просторот, по што е потврден почетокот на работите со кои кејот треба да прерасне во современ спортско-рекреативен центар, отворен за сите генерации.

— реклама —

Во рамки на проектот, ќе бидат реконструирани и уредени терени за фудбал, одбојка и баскет, а предвидено е и поставување модерни фитнес-зони на отворено, достапни за сите граѓани. Дополнително, со интервенциите се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што беше посочено, ќе бидат целосно унапредени и ставени во функција на заедницата.

— реклама —

„Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба и заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортските терени е директна инвестиција во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека ова е само почеток на поширока визија за рамномерен развој, со која во сите општини на градот ќе се обезбедат современи и достапни спортски терени, без разлика каде живеат граѓаните.

Градоначалникот упати благодарност и до министерот за спорт за, како што рече, силната поддршка на проектот, додавајќи дека Скопје продолжува да вложува во активен живот и подобри услови за рекреација.

„Скопје се движи напред. Скопје спортува. Скопје инвестира во својата иднина“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања