Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
orce-kiselavoda-4

Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад во Кисела Вода, вели градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски и додава:

— реклама —

„Од денес, започнува голема акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад, која ќе трае три месеци, заклучно со 20-ти април. Истата се реализира во соработка со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата на Република Македонија за почист воздух. Акцијата ќе се одвива во текот на месеците февруари, март и април, во периодот од 15-ти до 20-ти во секој од овие месеци. За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да го изложат својот кабаст отпад, шут и електронски отпад. Жителите на општината можат да се ослободат од стариот мебел, апарати, градежен шут, неисправни електронски уреди како фрижидери, телевизори, компјутери, клими, замрзнувачи и други отпадни предмети. Електронскиот отпад ќе биде соодветно третиран од страна на социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа кое е лиценцирано за управување со неопасен отпад, што ќе овозможи негова еколошки одговорна обработка и спречување на штетни последици по животната средина. Собраниот електронски отпад безбедно ќе биде транспортиран во ,,Екоцентар97” на третман и понатаму на рециклирање“, вели Ѓорѓиевски и додава:

— реклама —

„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат оваа можност и бесплатно да го одложат својот кабаст и електронски отпад на соодветните локации и во предвидените денови. Со оваа акција спречуваме создавање на диви депонии и го заштитуваме здравјето на жителите, бидејќи со неа обезбедуваме и безбедно складирање и транспортирање на отпадот, без ризик за животната средина и здравјето на луѓето. Истовремено, инспекциските служби ќе вршат редовни контроли и ќе го санкционираат секој што нема да го почитува предвидениот начин на одложување отпад! Дополнително, покрај оваа акција која ќе ја спроведеме заедно со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата за почист воздух, ние како локална самоуправа интензивно работиме на генерално чистење од комунален отпад на сите 15 населби и населени места во општината. Досега се собрани 25 тони отпад, а акцијата ќе продолжи се додека не бидат опфатени сите местни и урбани заедници.

— реклама —

🗺️ Локациите каде што ќе се изложува кабастиот отпад од 15-20 февруари се следните:

▪️УЗ Пржино - ул. Милан Мијалковиќ (зад УЗ Пржино) и ул. Мариовска (покрај стовариштето на Треска)

▪️УЗ Црниче – Ул. Наум Охридски (пред УЗ Црниче) и ул. Ениџе Вардарска (наспроти кладилница Копачка)

▪️УЗ 11-ти Октомври згради – Ул. Пушкинова бр. 4 и ул. Михаил Чаков спроти УЗ 11 Окт. – згради

▪️УЗ 11-ти Октомври бараки – Зад Космофон во делот покрај детско игралиште и Ул. Лазар Димитров кон Трим Патека на вториот влез

▪️УЗ Кисела Вода – ул. Христо Татарчев бр.72 (кај амбулантата) и ул. 14 Декември (кај подземните контејнери)

▪️УЗ Расадник – ул. 1511 (наспроти Кватро Кафе) и пред сала Расадник зад паркот за миленици

▪️УЗ Цветан Димов – ул. Емил Зола бр. 7 и ул. Георги Димитров зад економското училиште

▪️УЗ Бирарија – Ул. Томе Арсовски наспроти парк Бирарија и ул. Фредерик Шопен зад училиштето Кузман Ј. Питу

🔹МЗ Пинтија – ул. Јабланица (на местото Славија веднаш до МЗ Пинтија) и ул. 1513 под делот на детска градинка

🔹МЗ Усје – Паркингот пред МЗ Усје и на влез во УСЈЕ (десно до оградата на Цементара-Усје)

🔹МЗ Припор – Ул. Христо Татарчев крак 14/159 и Под објектот на МЗ Припор

🔹МЗ Подстаница – Ул. Сердарот бр.115 (кај фудбалско игралиште) и Ул. Сердарот бб (пред МЗ Подстаница)

🔹МЗ село Драчево – ул. Китка (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. Драчевска бр. 92 (пред стара пошта)

▪️УЗ Бобан Трпков – нас. Драчево – ул. Бранко Заревски (зад УЗ Населба Драчево) и ул. Бранко Заревски бр. 17 (стакларска зграда)

🔹МЗ Стаклара – ул. 1519 (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. 1520 (кај ширината пред почетокот на куќите).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања