Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

„Стоп на геноцидот во Газа! Излези денес на протестот и кажи гласно – не во мое име!“ – со оваа порака движењето Зелен Хуман Град ги повика граѓаните да се приклучат на вчерашниот собир во знак на поддршка за палестинскиот народ и осуда на насилството во Газа.

„Имаме должност да не молчиме за суровата реалност со која се соочуваат нашите браќа и сестри од Палестина,“ порачаа организаторите. Тие потсетуваат дека, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, 70% од жртвите во Палестина се жени и деца, а УНИЦЕФ ја опиша Газа како „детска гробница“.

— реклама —

Во нивното соопштение се наведува и поширока критика кон системите што, според движењето, ја одржуваат глобалната нестабилност.

„Ниту една војна на светот не е изолирана или случајна. Тие произлегуваат од истиот систем во кој империјализмот ги исцртува границите и поттикнува ривалства, додека капитализмот профитира од продажба на оружје, повторна изградба на уништените градови и експлоатација на ресурси – без оглед на цената во човечки животи,“ стои во повикот.

— реклама —

„Окончувањето на конфликтите не значи само прекин на огнот, туку и укинување на системите во кои војната е профитабилна, а мирот неисплатлив. Секој од нас заслужува мир, заштита и иднина,“ завршува пораката на Зелен Хуман Град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7acc8rk43medfg3yDOl

Синдикатот на културните работници протестира: Колективниот договор не се почитува

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
zatvor

Синдикатот на затворската полиција најави протест в среда, ако нема социјален дијалог со Управа за извршување на санкции

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Денес протестен марш во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик

Скопје | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања