Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

media-libraryq1be6jro4sn56MB9CYR

Зелен хуман град: Во дворот на МВР нелегално се сечат дрвја

Невладината организација Зелен хуман град реагира на сечењето дрва во дворот на Министерството за внатершни работи. Како што велат истото е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје.„Загрижени граѓани до ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД испратија загрижувачки информации во врска со сечење и кастрење на дрвја во дворот на Министерството за внатрешни работи, кое според Законот за урбано зеленило е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје кое НЕ Е ПОСТАРО ОД 30 ДЕНА.Имено, станува збор за повеќегодишни и здрави дрвја при чие сечење сериозно е оштетена оградата околу Министерството за внатрешни работи. Дополнително, турната е жица за пренесување електрична енергија близу до земјата, која е оставена така речиси еден ден, што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните кои поминуваат таму.Скопје, во ситуација на екстремна загаденост и ужасен квалитет на воздухот НЕ СМЕЕ да си дозволи понатамошно уништување на урбаното зеленило во градот. Особено е недозволиво кога тоа уништување се прави на здрави дрвја, без разумна причина и противзаконски од страна на институцијата која е надлежна за спроведување на законите. Што мислите, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе реагира?!Навистина ни е мило што граѓаните го сметаат ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за политички субјект од доверба кој континуирано се грижи и залага за подобрување на нивниот секојдневен живот и ги претставува нивните интереси во институцииите на системот. Воедно, ги охрабруваме да продолжат да нѐ информираат за вакви настани во иднина зашто се покажало дека јавниот притисок е единствен начин за нешто макар и минимално да функционира во овој распад“, се вели во објавата.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarycmd35srftupfcOSyDKq

„Зелен хуман град“: Кризата со нафта има решение на две тркала

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ смета дека поскапувањето на горивата повторно ја отвора потребата од поодржливи решенија во урбаниот транспорт. Оттаму посочуваат дека велосипедот може да биде едноставна и еколошка алтернатива за движење низ градовите, со што би се намалиле трошоците на граѓаните, загадувањето и зависноста од фосилни горива.Војната на Блискиот Исток која ескалираше и доведе до затварање на Ормутскиот теснец од каде што поминува околу 20% од светската нафта директно ја почувствувавме и во Македонија кога преку ноќ цената на дизелот се покачи за 14.5 денари а на бензите за 5 денари по литар што, очекувано, доведе до редици на бензинските пумпи за граѓаните да заштедат некој денар на гориво.Но што доколку постои лесен и едноставен начин за транспорт низ урбаните делови на државава кој не само што овозможува заштеда на средства од семејниот буџет туку и заштитување на животната средина и на планетата Земја како и на воведување на пропратна физичка активност во секојдневниот живот? Па имате среќа, таков начин за транспорт постои и се нарекува велосипед.ЗХГ се залага за изградба на велосипедски патеки и ленти на секои 250 метри, како и праведна распределба на буџетот со најмалку 15% за пешачка и 15% за велосипедска инфраструктура и проширување на вело-мрежата од околу 144 на најмалку 300 километри, со вело-пријателски крстосници, конектори низ населбите и повеќе зеленило. Со ова Скопје би станал еден од највело-пријателските градови на Балканот.Транспортот со велосипед се смета за еден од најефикасните и најеколошки начини на движење, бидејќи создава значително помалку CO₂ емисии во споредба со моторните возила. Наместо гориво, велосипедот користи човечка енергија, што директно придонесува за намалување на загадувањето и заштита на животната средина.Возењето велосипед не е корисно само за животната средина, туку и за нашето здравје. Велосипедизмот придонесува за подобрување на кардиоваскуларното здравје, зајакнување на мускулите и подобрување на општата физичка кондиција. Истовремено, секојдневното движење со велосипед помага во намалување на стресот, подобрување на расположението и одржување на здрава телесна тежина.ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години наназад, во континуитет, предлага мерки со цел максимизирање на потенцијалите за обновлива енергија, кои Македонија ги има во изобилие токму за во вакви ситуација на геополитички превирања да не бидеме како држава увозно зависни од соседите и „нашите стратешки партнери“ за основните потреби за живот“, велат од Зелен хуман град.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ предупредува на, како што велат, зачестено исфрлање бездомни кучиња од други градови во Скопје и изразува загриженост дека ваквата состојба може да се искористи како оправдување за масовна еутаназија. Од организацијата бараат итно активирање на системот „Безбеден град“, пронаоѓање и санкционирање на сторителите, како и системски и хуман пристап кон проблемот со бездомните животни.„Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје! Со нив се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек.Нема да биде првпат да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како „решение“.Бевме сведоци на дискусија во комисијата за комунални работи на Град Скопје каде што од претставник на актуелното градско раководство се нафрли терминот „еутаназија“.Не сме заборавиле дека Комунална хигиена во времето на Коце Трајановски масовно и симултано труеше низ сите скопски општини. Фрлаа отров накај 3 или 4 сабајле и како војска во 5 или 6 поминуваа и собираа лешеви. Не беа само бездомните кучиња, сите памтиме како умираа и домашни миленици во тие дивјачки хајки! Нема погадна смрт од смртта од отров!Бараме ВЕДНАШ да се активира Безбеден град во функција на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје.Бараме ригорозно и неселективно казнување на сите што ќе бидат фатени дека го прават оваБараме поддршка од вас, драги сограѓани, ако забележите исфрлање кучиња од возило снимајте и фотографирајте со јасно фаќање на регистарските таблици, но од безбедна оддалеченост!Ако ова раководство си мисли дека ќе си создаде алиби за еутаназија, сетете се што им се случи на вашите претходници кои имаа неспоредливо поголема поддршка од јавноста за разлика од вас.Потсетуваме: актуелното раководство во Град Скопје ги елиминираше сите до еден активисти од управниот и надзорниот одбор на Лајка и ги замени со партиски номинации што немаат допирна точка со стратегии за хумана контрола на бездомни животни! За сега само директорката на Лајка е единствената останата активистка на раководна функција со моќ за одлучување во претпријатието.Дури и да се убијат сите бездомни кучиња и мачиња како што варварски се правело во минатото, за 6 месеци пак ќе бидат полни улиците со бездомни кучиња и нови на пат. Неодговорни сопственици се проблемот, непостоечки/премали казни, како и што напуштањето миленик не е кривично дело“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира на плановите за изградба на Луна парк во средината на Градски парк Скопје, предупредувајќи дека проектот би можел сериозно да ја наруши природата и биодиверзитетот во паркот.„Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна паркот до денес се сменија 4 градоначалници и помина повеќе од една деценија, ама исклучувањето на јавноста остана константно.Се чувствуваш ли дека имаш глас во одлуките што ги носи Градот? Дека твоето мислење може да ги обликува политиките што го обликуваат Скопје?Скопјани сакаат Луна парк, ама ги прашал ли некој КАКОВ и КОЛКУ ГОЛЕМ Луна парк сакаат?Ги прашал ли дали сакаат да ја наруши тој Луна парк основната функција на Градскиот парк - зелено прибежиште во изразено загаден град?Замислете некој да се осмелеше да стави луда железница како во Дизниленд сред Централ парк во Њујорк?Континуираната изградба, осветлувањето, големиот пешачки и автомобилски сообраќај и механичката бучава од реквизитите и луѓето кои ќе ги користат во текот на целата година би ги нарушиле природните живеалишта, би ги избркале птиците и животинките кои се во паркот!Поставувањето Луна парк со големи механички реквизити и возења во средината на Градскиот парк Скопје сериозно ќе го оштети биодиверзитетот на областа. Природните екосистеми зависат од стабилност, ниски нивоа на бучава и минимално човечко вознемирување.Луна паркот има голема сентиментална вредност како место за спомени, дружење и рекреација на генерации скопјани. И тоа и мора да остане! Да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за ДЕЦА, а не евтин Дизниленд. Стариот Луна парк беше направен исклучиво за деца до 10-годишна возраст, а не за возрасни.Бараме итно да се организира јавна презентација на проектот и јавна расправа. Не може крупни проекти со потенцијал за штетни последици да се решаваат зад затворени врати“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

„Стоп на геноцидот во Газа! Излези денес на протестот и кажи гласно – не во мое име!“ – со оваа порака движењето Зелен Хуман Град ги повика граѓаните да се приклучат на вчерашниот собир во знак на поддршка за палестинскиот народ и осуда на насилството во Газа.„Имаме должност да не молчиме за суровата реалност со која се соочуваат нашите браќа и сестри од Палестина,“ порачаа организаторите. Тие потсетуваат дека, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, 70% од жртвите во Палестина се жени и деца, а УНИЦЕФ ја опиша Газа како „детска гробница“.Во нивното соопштение се наведува и поширока критика кон системите што, според движењето, ја одржуваат глобалната нестабилност.„Ниту една војна на светот не е изолирана или случајна. Тие произлегуваат од истиот систем во кој империјализмот ги исцртува границите и поттикнува ривалства, додека капитализмот профитира од продажба на оружје, повторна изградба на уништените градови и експлоатација на ресурси – без оглед на цената во човечки животи,“ стои во повикот.„Окончувањето на конфликтите не значи само прекин на огнот, туку и укинување на системите во кои војната е профитабилна, а мирот неисплатлив. Секој од нас заслужува мир, заштита и иднина,“ завршува пораката на Зелен Хуман Град.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања