Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зелен хуман град: Во дворот на МВР нелегално се сечат дрвја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-libraryq1be6jro4sn56MB9CYR

НВО „Зелен хуман град“ реагира на сечење и кастрење дрвја во дворот на МВР, тврдејќи дека е противзаконски бидејќи нема важечко решение од Град Скопје (не постаро од 30 дена). Според нив, се работи за здрави повеќегодишни дрвја, при што е оштетена оградата и е спуштена жица за струја што ја загрозувала безбедноста. Апелираат да не се уништува урбаното зеленило во услови на загаден воздух и повикуваат на јавен притисок.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Невладината организација Зелен хуман град реагира на сечењето дрва во дворот на Министерството за внатершни работи. Како што велат истото е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје.

— реклама —

„Загрижени граѓани до ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД испратија загрижувачки информации во врска со сечење и кастрење на дрвја во дворот на Министерството за внатрешни работи, кое според Законот за урбано зеленило е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје кое НЕ Е ПОСТАРО ОД 30 ДЕНА.

Имено, станува збор за повеќегодишни и здрави дрвја при чие сечење сериозно е оштетена оградата околу Министерството за внатрешни работи. Дополнително, турната е жица за пренесување електрична енергија близу до земјата, која е оставена така речиси еден ден, што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните кои поминуваат таму.

Скопје, во ситуација на екстремна загаденост и ужасен квалитет на воздухот НЕ СМЕЕ да си дозволи понатамошно уништување на урбаното зеленило во градот. Особено е недозволиво кога тоа уништување се прави на здрави дрвја, без разумна причина и противзаконски од страна на институцијата која е надлежна за спроведување на законите. Што мислите, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе реагира?!

Навистина ни е мило што граѓаните го сметаат ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за политички субјект од доверба кој континуирано се грижи и залага за подобрување на нивниот секојдневен живот и ги претставува нивните интереси во институцииите на системот. Воедно, ги охрабруваме да продолжат да нѐ информираат за вакви настани во иднина зашто се покажало дека јавниот притисок е единствен начин за нешто макар и минимално да функционира во овој распад“, се вели во објавата.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycmd35srftupfcOSyDKq

„Зелен хуман град“: Кризата со нафта има решение на две тркала

Македонија | пред 2 седмици

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Скопје | пред 1 месец

media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Скопје | пред 1 месец

media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања