Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зеленски му е лут на Трамп: Неправедно е што само Украина ја повикува на остапки, а не и Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинскиот народ нема да прифати мировен договор што би подразбирал еднострано повлекување на украинските сили од источниот регион Донбас и негова предавање под руска контрола. Во интервју за Axios, Зеленски нагласи дека таков договор би бил одбиен на референдум.

— реклама —

Интервјуто доаѓа во момент кога украинските и руските претставници учествуваат во трет круг директни преговори во Женева, каде клучно прашање е контролата врз Донбас, од кој околу 10 проценти сè уште се под украинска управа.

— реклама —

Зеленски посочи дека американските посредници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, му пренеле дека Русија искрено сака крај на војната и дека во преговорите треба да се тргне од таа претпоставка. Сепак, тој изрази скептицизам и предупреди дека не треба да се наметнува визија за мир што украинскиот народ би ја доживеал како пораз.

— реклама —

Украинскиот претседател оцени како „неправедно“ тоа што американскиот претседател Доналд Трамп јавно повикувал Украина, а не Русија, на отстапки. Според него, трајниот мир не може да се постигне со „препуштање победа“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Американските посредници предложиле украинските сили да се повлечат од делови на Донбас што ги контролираат, со што регионот би станал демилитаризирана економска зона. Зеленски изјави дека е подготвен да разговара за повлекување, но само доколку Москва преземе реципрочен чекор и ги повлече своите сили на еднаква оддалеченост. Тој категорично ги отфрли руските барања за суверенитет врз таа зона.

Зеленски наведе дека секој евентуален договор мора да биде изнесен пред граѓаните на референдум. Според него, украинците не би простиле договор што би подразбирал жртвување на територија и граѓани. Сепак, смета дека јавноста би можела да поддржи решение што би ги замрзнало сегашните линии на фронтот.

Во однос на руската делегација во Женева, предводена од советникот на Путин Владимир Медински, Зеленски изрази сомнеж дека Москва може да се обиде да ги одолговлекува разговорите. Според извори запознаени со процесот, политичките преговори во Женева се соочуваат со застој, додека воениот дијалог во Абу Даби бил попродуктивен, особено околу можен механизам за надзор на прекин на огнот со беспилотни летала.

Во интервјуто Зеленски посочи и дека можно е претседателските избори во Украина да се одржат паралелно со евентуален референдум, доколку дојде до кревко примирје. Тој нагласи дека одлуката ќе зависи од волјата на граѓаните, додавајќи дека Русија засега прифатила само еднодневен прекин на огнот за организирање гласање, што, според него, укажува на недоволна подготвеност за вистински мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 9 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања