Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зеленски предупредува: Без одлука на ЕУ за замрзнатите руски средства, Украина ќе се соочи со сериозни проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се соочи со сериозни проблеми доколку Европската унија не донесе одлука за користење на замрзнатите руски средства, јавуваат светските медиуми.

— реклама —

Зеленски изјавата ја даде пред новинарите за време на летот кон Брисел, каде што учествува на самитот на лидерите на Европската унија. Тој посочи дека средствата од евентуален репарациски заем, доколку се донесе позитивна одлука, би можеле да се користат и за обновата на Украина по завршувањето на војната.

— реклама —

„Денес, кога зборуваме за репарации, не го ограничуваме разговорот само на обновата. Ова е војна и тие средства ни се неопходни за одржување на армијата и за поддршка на домашното одбранбено производство. Тоа вклучува европски системи, но и американски противвоздушни ракети“, изјави Зеленски.

— реклама —

Тој додаде дека, доколку се донесе позитивна одлука, Украина е подготвена средствата да ги користи и за воени цели. Во случај на завршување на војната, по постигнување дипломатски договор, парите би биле целосно пренасочени кон обновата на земјата.

Зеленски нагласи дека Соединетите Американски Држави изразиле подготвеност да помогнат во финансирањето на обновата, иако засега нема конкретни детали, додека Европа, како што рече, континуирано ја отвора оваа тема.

„Одлуката за користење на замрзнатата руска имотна маса на крајот зависи од политичката волја. Без таа политичка волја, Украина ќе се соочи со сериозни потешкотии“, порача украинскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 10 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања