Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски со контроверзен предлог: Како со Мадуро, така и со Кадиров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Соединетите Американски Држави да го зголемат притисокот врз Русија преку киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, по моделот на операцијата со апсењето на Николас Мадуро.

„Еве го примерот со Мадуро. Да, спроведоа операција. Целиот свет ги виде резултатите. Го направија тоа брзо. Па, нека спроведат некаков вид операција и против овој, како се вика, Кадиров“, изјави Зеленски, цитиран од руската агенција РБК.

— реклама —

Американската војска на 3 јануари го уапси Мадуро заедно со неговата сопруга Силија Флорес во нивната резиденција во Каракас, по што беа префрлени во Њујорк. Таму, поранешниот венецуелски лидер беше обвинет за „наркотероризам“, додека тој на суд изјави дека и понатаму се смета за легитимен претседател на Венецуела.

Рамзан Кадиров остро реагираше на изјавите на Зеленски преку својот Телеграм-канал, оценувајќи дека украинскиот претседател се обидува да ги постигне своите цели преку други.

— реклама —

„Забележете дека тој дури и не се закани дека самиот ќе направи нешто. Подобро му е да остане настрана и да набљудува од безбедна дистанца“, напиша Кадиров.

Тој додаде дека Зеленски го ставил на листа на барани лица и му вовел санкции, а сега, како што наведува, бара помош од Американците: „Ако веќе не помогнаа со оружје, барем нека го киднапираат Рамзан“.

„Зачувај го достоинството и не се понижувај. Да имаше барем трошка машкост во тебе, ќе сфатеше колку понижувачки звучат твоите зборови и барања“, порача Кадиров.

Ова не е прв судир меѓу Кадиров и украинските власти. Украинската Служба за безбедност (СБУ) претходно го прогласи за барано лице, обвинувајќи го за водење „агресивни воени дејствија“ и за кршење на законите и обичаите на војувањето.

Од друга страна, Истражниот комитет на Русија тој чекор го оцени како „обид свесно невино лице да се изведе пред кривична одговорност“, дополнително заострувајќи ја реториката меѓу страните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 5 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Пукање во училиште во Украина: ученик ранил соученик

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања