Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зеленски: Војната мора да запре за да има избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека избори во Украина ќе се одржат дури по воспоставување безбедносни гаранции и прекин на огнот со Русија, отфрлајќи ги наводите дека под притисок на Соединетите Американски Држави планира брзо организирање ново гласање, јавува „Франс 24“.

— реклама —

Изборниот процес во земјата е практично ставен во мирување од почетокот на руската инвазија во 2022 година, поради прогласената воена состојба. „На избори ќе одиме кога ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции. Многу е едноставно – воспоставете прекин на огнот и ќе има избори“, порача Зеленски во аудио-обраќање до новинарите.

— реклама —

Тој додаде дека, доколку и Москва се согласи, можно е непријателствата да завршат до летото.

— реклама —

Изјавата следува откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Киев, соочен со притисок од Вашингтон, ја разгледува можноста за одржување претседателски избори во наредните три месеци. Зеленски и претходно истакнуваше дека избори се можни само по потпишување мировен договор со Русија, но неодамна сигнализираше подготвеност и за побрзо гласање во рамки на американски план за завршување на војната. Тој нагласи и дека евентуален договор што би вклучувал територијални отстапки кон Москва би морал да биде ставен на референдум.

Русија повеќепати го оспорува неговиот легитимитет по 2024 година, кога во мирнодопски услови би му истекол мандатот. Зеленски беше избран за претседател во 2019 година со петгодишен мандат.

Покрај политичките дилеми, постојат и сериозни практични пречки за одржување избори – гарантирање безбедност за време на кампањата и на денот на гласањето, како и организирање гласање за милионите украински бегалци во странство. Дополнително, милиони граѓани се внатрешно раселени, стотици илјади живеат под руска окупација или се наоѓаат на фронтот.

Анкетите покажуваат дека меѓу украинската јавност засега постои слаб интерес за одржување избори во услови на војна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 10 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања