Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Земјотрес од 5,3 ја потресе северозападна Грција – почувствуван и на Крф и во јужна Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library9ehhqh7k71795YEWgOP
Jens Aber / unsplash

Земјотрес со јачина од 5,3 степени утринава ја погоди северозападна Грција, при што потресот се почувствувал и во поширокиот регион околу туристичкиот остров Крф, како и во делови од јужна Албанија.

— реклама —

Според првичните информации од надлежните служби во Грција, потресот се случил околу 5:32 часот по локално време, а епицентарот бил на копно, во близина на регионалниот центар Јанина, на длабочина од околу 10 километри.

— реклама —

По главниот удар биле регистрирани и повеќе помали последователни потреси. Дел од жителите, исплашени од тресењето, се разбудиле и излегле од своите домови, додека локални медиуми јавуваат и за краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои подрачја, како и за појава на помали свлечишта.

— реклама —

Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета на објектите. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата, а жителите се повикуваат на внимателност поради можни дополнителни потреси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Кој стои зад прислушувањата во Грција? Шефот на компанијата за шпионски софтвер: Нема да бидам жртвено јагне

Свет | пред 3 дена

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Десетици грчки бродови заглавени во Персискиот залив

Свет | пред 4 дена

media-libraryes0u0e9sce6g85iEjHN

Судењето за железничката несреќа во Темпе одложено за 1 април поради повеќекратни прекини

Свет | пред 1 седмица

media-librarynbgfkr53eemdaFu16U1

Започнува судскиот процес по смртоносната железничка несреќа кај Темпи

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања