Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Жестока дебата меѓу Ѓорѓиевски и Мустафаоглу: Таа која ви беше ментор потпишала договор, чекам извинување уште неколку часа, ако не тужба ќе има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryfgt3k8eale21365IsWK

Дарја Мустафаоглу од Левица на седница на Град Скопје го обвини градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека повторно ги пробива законските рокови, потсетувајќи дека под притисок од јавноста доставил анкетен лист. Ѓорѓиевски ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека законот не е прекршен и побара коректност. Тој ја критикуваше Левица за наводни невистини и побара извинување за претходни обвинувања поврзани со потпишување договори.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Дарја Мустафаоглу од Левица, на денешната седница на Град Скопје упати критики до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека повторно ги пробива законските рокови.

— реклама —

Станува збор за принцип. Вие некако се навикнавте на прекршоци на глобите, бидејчи после огромен притисок од јавноста ви текна, цел мандат преспиен во Кисела Вода да не поднесете анкетен лист. Порбавте и со Град Скопје, но имавте притисок од јавноста и го поднесовте“, изјави Дарја.

— реклама —

На ова Орце Ѓорѓиевски возврати дека со се што е изнесено не се согласува.

— реклама —

Не е така како што кажувате, но тоа е ваша воспоставена пракса и начин на делување и тука не можам да ви помогнам. Не пример вчера имавте излагање како политичка партија па сега чекам уште неколку часа до рокот, извинување, ако не тужба ќе има. Мислам дека внимателно ве слушав, сега треба да имате малце желудник и да слушнете од другата страна, а не само да напаѓате. Сега ве молам да бидете коректни, ниту законот е прекршен, ниту некој прави преседан. Тоа што Апасиев и поединци од кај вас, самодекларирани правници коишто не знам како станале професори на факултети, ви држат предавања, ве собираат во подруми и ви објаснуваат како треба да кажувате овде на совет не значи дека нешто е вистина. Зошто вие како претставник на Левица не се извинивте после обвинувањата вчера кои ги направите, каде што таа која ви беше ментор, потпишала договор, а вие ме обвинувате мене дека јас сум потпишал договор. Не ви беше ментор Арсовска? Немавте вие директори? Околу тоа што вие го кажувате, апсолутно како и се останато е расфрлање на пердуви“, изјави Ѓорѓиевски.

media-librarykbbnrj6fkaa46u8dm9N

(Видео) Ѓорѓиевски до Левица: Вие сте најголемо бандитско здружување во Градот Скопје

На денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека политичката партија Левица е најголемо бандитско здружување во Скопје.„Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години. За разлика од вас, за разлика од Стојче ваш и од цела ваша група, нема да ви поминат овие инсинуации. И ако мислите дека некој ќе ве толерира да кажувате приказни, да ја замајувате јавноста на погрешна адреса сте, само тоа ќе ви го кажам. На погрешна адреса сте. И за се, ќе ви биде одговорено соодветно. Вие сте научени некој да ви ќути. Вие сте најголемо бандитско здружување во градот Скопје. Само тоа ќе ви кажам. А еве и КИЦ, и ЈСП со докази говорат за тоа. Така што за Левица немам повеќе ниту што да одговорам, ниту што да опонирам“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Скопје | пред 1 седмица

media-librarybhm22ms1nltreMJHzpT

Ѓорѓиевски: Отворен е шелтер-центарот - сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство

Скопје | пред 1 седмица

media-librarynksqiuv2fvaoeQRRXV0

Пролетна генералка во Скопје: Започна голема акција за чистење на градот

Скопје | пред 1 седмица

media-librarykbbnrj6fkaa46u8dm9N

(Видео) Ѓорѓиевски до Левица: Вие сте најголемо бандитско здружување во Градот Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања