Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Инфантино под притисок, но не се повлекува: ќе се кандидира за нов мандат во ФИФА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Џани Инфантино нема намера да се повлече од функцијата претседател на ФИФА и потврди дека ќе се кандидира за нов мандат на изборите во март 2027 година и покрај притисоците и критиките со кои се соочува.

— реклама —

Инфантино се најде под притисок по обидот да продаде удели во турнирите на ФИФА на приватни инвеститори. Сепак, од ФИФА потврдија дека ништо не се променило во планот за неговата кандидатура.

„Претседателот на ФИФА објави во април дека ќе се кандидира за реизбор во 2027 година. Секако, ништо не се променило. Инфантино ќе се кандидира за реизбор“, соопшти портпаролот на организацијата.

— реклама —

Изборите треба да се одржат на Конгресот на ФИФА во Мароко, а потенцијалните противкандидати имаат рок до 18 ноември да ја најават својата намера за учество.

— реклама —

Инфантино во изминатиот период се соочи со критики од потпретседатели на ФИФА од Азија, Европа и Северна Америка. Европските земји минатиот месец ја повлекоа заканата за бојкот на натпреварите на ФИФА откако добиле гаранции дека слични обиди за промени во организацијата и фудбалот нема да се повторат.

И покрај тоа, УЕФА продолжува да предводи иницијатива за отстранување на Инфантино од функцијата.

— реклама —

Инфантино во последните недели, за време на своите патувања, ја истакнувал финансиската поддршка што ФИФА ја обезбедува за националните фудбалски сојузи. Тие имаат еднакво право на глас на изборите за претседател на организацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Нов скандал во ФИФА: На Инфантино му платиле даноци од дури четири милиони долари

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Африка застана зад Инфантино во трката за четврти претседателски мандат во ФИФА

Спорт | пред 1 седмица

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Инфантино ветува дополнително финансирање за 211 членки на ФИФА

Спорт | пред 1 месец

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Сериозен удар за ФИФА: УЕФА разгледува кривична пријава против Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања