Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Инфантино ветува дополнително финансирање за 211 членки на ФИФА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави можност фудбалските федерации ширум светот да добијат поголем дел од средствата од резервите на организацијата, кои се проценуваат на околу 5 милијарди евра.

Во писмо упатено до шесте континентални конфедерации, Инфантино навел дека ќе поддржи „највисоко ниво на дополнително финансирање што може одговорно да се исплати“.

— реклама —

Најавата доаѓа во период на зголемен притисок по повлекувањето на проектот FIFA Forward Enterprise (FFE), кој предвидуваше продажба на удели во Светското првенство и други натпреварувања на приватни инвеститори.

УЕФА и КОНКАКАФ побарале ФИФА од своите резерви да исплати по 10 милиони долари, односно околу 8,8 милиони евра, на секоја од 211-те членки.

— реклама —

За предлогот Советот на ФИФА ќе расправа на состанокот закажан за 15 октомври.

— реклама —

„Нема однапред да зборувам за износот. Една бројка може да го поттикне разговорот, но не може да претставува целосна глобална политика“, навел Инфантино.

Првиот човек на ФИФА повторно го бранеше повлечениот комерцијален предлог, наведувајќи дека неговата цел била да се обезбедат дополнителни средства за развој на фудбалот.

— реклама —

Претседателката на Фудбалската асоцијација на Англија и потпретседателка на ФИФА, Деби Хјуит, претходно побара објавување на сите документи поврзани со FFE, како и независна истрага за проектот.

Инфантино во март 2027 година ќе се кандидира за четврти мандат на чело на ФИФА. Потенцијалните противкандидати имаат рок до 18 ноември да најдат алтернативен кандидат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Нов скандал во ФИФА: На Инфантино му платиле даноци од дури четири милиони долари

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Африка застана зад Инфантино во трката за четврти претседателски мандат во ФИФА

Спорт | пред 1 седмица

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Инфантино под притисок, но не се повлекува: ќе се кандидира за нов мандат во ФИФА

Спорт | пред 2 месеци

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Сериозен удар за ФИФА: УЕФА разгледува кривична пријава против Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања