Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Инфлацијата во Македонија 50% пониска од онаа во ЕУ, тврди Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека податоците за инфлацијата во јули и август се охрабрувачки, посочувајќи дека во двата месеца таа била пониска во споредба со просекот во Европската Унија.

„Имаме два месеци коишто не охрабруваат – тоа се јули и август. Во јули беше 2,3%, во август 2,6%, во услови кога во Европа во јули беше 2,9%, а во август 3,2%“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој потсети дека пред четири години, во услови на енергетска криза, повисоката инфлација во Македонија во однос на Европската Унија се објаснувала со увезена инфлација.

Според него, последните податоци покажуваат дека инфлацијата може да биде и под европското ниво.

— реклама —

„Еве, ние покажавме дека тоа не е точно и дека тоа биле лажни кампањи, дека можело да се биде на ниво под тоа коешто го има европското, и тоа за 50% пониска инфлација“, изјави премиерот.

— реклама —

Во однос на септември, Мицкоски посочи дека треба да се почекаат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

„Сè уште месецот трае; да почекаме статистиката да објави, па ќе можеме да коментираме“, рече тој.

— реклама —

Мицкоски додаде дека преку Државниот пазарен инспекторат се следат и се прават проценки за движењето на цените, особено кај прехранбените производи и безалкохолните пијалаци.

Според првичните проценки што ги сподели, на годишно ниво инфлацијата кај овие производи се очекува да се движи меѓу 1,5 и 2 проценти, но конечните податоци ќе ги објави Државниот завод за статистика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски: Владата на СДСМ во 2023 година носела одлука поврзана со Алта банка и Давор Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarychnerospkash5j7nNgr

Мицкоски: Нема предвремени избори, следните две години треба да обезбедиме пет милијарди евра

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања