Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Инсценирале сообраќајка за да наплатат осигурување, две лица приведени во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryt5q8j6nksm8qaorEm2w

Две лица се лишени од слобода во Тетово под сомнение дека инсценирале сообраќајна незгода со цел да извршат осигурителна измама, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, на 8 јули во 21:55 часот, С.А. (44) од тетовското село Џепчиште пријавил дека на крстосницата меѓу улиците „135“ и „Саво Тасевски“ се случила сообраќајна несреќа, при што четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А. (45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.

— реклама —

По извршените проверки, полициските службеници ги прегледале снимките од безбедносните камери на системот „Безбеден град“ и утврдиле дека четирициклот воопшто не учествувал во сообраќајна несреќа. Наместо тоа, бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен, а потоа намерно превртен од неколку лица на тротоарот со цел да се инсценира незгода.

По насоки на Основното јавно обвинителство Тетово, четирициклот бил одземен и задржан за понатамошна постапка.

— реклама —

Околу 23:50 часот полициски службеници ги лишиле од слобода возачот Ш.А. и пријавителот С.А. поради основано сомнение дека сториле кривично дело „осигурителна измама“.

— реклама —

Осомничените се задржани во Полициската станица Тетово, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 1 час

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 1 час

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања