Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Инстаграм демантира хакерски напад, тврди дека корисничките профили не се загрозени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
insta

Компанијата Инстаграм соопшти дека не дошло до нарушување на безбедноста на податоците, откако изминатите денови голем број корисници се пожалија дека добиваат неочекувани имејлови со барања за ресетирање на лозинката.

— реклама —

Загриженоста дополнително се зголеми по објави од одредени безбедносни компании, кои тврдеа дека податоци од милиони Инстаграм-профили се појавиле на продажба на дарк веб. Според тие наводи, компромитирани наводно биле кориснички имиња, имејл-адреси и телефонски броеви.

— реклама —

Корисници ширум светот добиваа вакви имејлови од Инстаграм, што предизвика сомнежи дека станува збор за масовен хакерски напад.

Сепак, од Инстаграм наведуваат дека спровеле внатрешна истрага и утврдиле дека не дошло до пробивање на системите. Како што соопшти компанијата, проблемот настанал поради техничка грешка која им овозможила на надворешни актери да иницираат испраќање имејлови за ресетирање лозинка, иако самите профили не биле компромитирани.

— реклама —

„Го идентификувавме и го отстранивме проблемот. Нема докази дека корисничките податоци се загрозени“, соопштија од Инстаграм.

— реклама —

Од компанијата им советуваат на корисниците да ги игнорираат имејловите за промена на лозинка доколку самите не поднеле такво барање, и се извинија за предизвиканата конфузија и непријатност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarychtg0i9tqrrf3f1LLjR

По Фејсбук падна и Инстаграм: корисниците не можат да пристапат до платформите

Магазин | пред 2 седмици

insta

Инстаграм воведе функција што корисниците ја бараа со години

Магазин | пред 1 месец

media-librarympplfmfsaaa53LuyA5o

Освен Фејсбук, не работи ни Инстаграм – Хаос на платформите на Мета

Свет | пред 1 месец

insta

Претплата на Инстаграм: што добивате за вашите пари?

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања