Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Интервјуто на Ордановски говорејќи за Трамп направи „бура“: Реакции од Талевска од МАН и Мирчевски од Канал 5

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
reakc

Интервјуто на новинарот Сашо Ордановски во „Само вистина“ на „Канал 5“ донесе бурни реакции во јавноста. Ордановски говореше за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација.

„Тој е лошо образован човек. Има мали широки културолошки познавања има од светот, од историјата. Исклучително е нарцисоиден. Трамп мисли дека тоа е шоу програма во која тој тресе глупости, лаже и дека тоа нема последици“, се дел од речениците кои Ордановски ги кажал во емисијата, на што следуваа реакции.

— реклама —

Први се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, кои Ордановски го поврзуваат со СДСМ и прашаа: „Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?“.

— реклама —

„Сашо Орданоски, кој важи за советник на Венко Филипче и СДС и сива еминенција во таа партија вчера во телевизиско интервју со најбрутални навреди го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го лажго и необразован. Дали Венко Филипче преку Сашо Орданоски ја нарече политиката на САД како неонацистичка? Се крие ли Венко Филипче зад Сашо Орданоски, и го напаѓа ли претседателот Трамп со навреди преку своите истурени играчи како Сашо Орданоски?“, рече пратеникот Бране Петрушевски.

— реклама —

СДСМ пак, смета дека е комедија реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези, реагира СДСМ од каде што велат дека поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси. Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат. СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата“, велат од СДСМ.

Регираше Канал 5 ТВ преку директорот Иван Мирчевски.

„Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД. Исто така, ги осудуваме искажаните навреди, клевети и шпекулации од страна на Сашо Орданоски кои не би сакале да веруваме дека беа малеволентни вербални стрели при неговото опишување на карактерот, образованието и општествено-политичкото дејствување како на американскиот претседател Трамп така и на неговото потесно семејство и соработници“, стои во реакцијата.

Остра реакција имаше и од Македонската асоцијација на новинари (МАН) искажана преку претседателката Ивона Талевска.

„Македонската асоцијација на новинари (МАН) го дели згрозувањето, шокот и гневот на јавноста во однос на изречените зборови на „новинарот“ Сашо Орданоски со експлицитен говор на омраза и навреди кон странски државници, што е повреда и на домашниот Кривичен законик, и на меѓународното право кое го штити угледот и честа на државниците од вакви напади, а особено штетно и опасно за Република Македонија, нејзиниот статус во меѓународните односи и во крајна линија на нејзината безбедност како членка на НАТО. Со ова јавно ширење на говор на омраза, навреди и уривање на чест и углед на Трамп, Венс, Маск и американската држава, Сашо Орданоски ја вовлече македонската држава и македонските државни интереси во проблем да се бранат од ваквиот говор на омраза пред домашната и меѓународна јавност со последици кои се исклучително сериозни. Македонската асоцијација на новинари (МАН) овој протест против ваков, најопасен говор на омраза со висок ризик за последици по државата и нејзиниот статус, ќе го испрати освен до јавноста, и до Амбасадата на САД во Македонија, до Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, до кабинетот на потпретседарелот на САД Џеј Ди Венс, како и до кабинетот на Шефот на одделот за владина ефикасност Елон Маск“ вели Талевска од МАН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Туристи масовно откажуваат патувања во САД: Главна причина е Трамп

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп подготвува проширување на историскиот договор: „Ништо нема да го надмине“

Свет | пред 15 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп под жесток притисок поради Иран: „Го направија будала“

Свет | пред 18 часа

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Прво најавуваше напади, сега зборува за договор: Што се случува со ставот на Трамп кон Иран?

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања