„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Инженерите ја градат иднината“ – Обраќање на министерката Божиновска на 30-годишнината на МАКО СИГРЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
image2-1

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ. Настанот, кој ги собра водечките имиња од инженерската и академската заедница, го истакна значењето на македонските инженери во развојот на енергетските системи.

— реклама —

Во своето обраќање, министерката нагласи дека инженерската професија е основен двигател на економскиот и технолошкиот напредок.

„Успехот на нашата работа понекогаш не се гледа веднаш, но ние знаеме дека градиме нешто што ќе го наследат идните генерации. МАКО СИГРЕ е семејство на професионалци, мост помеѓу генерации инженери, кој гарантира континуитет во преносот на знаење. Иднината е во рацете на младите инженери, но за да успеат, потребна им е поддршката и знаењето што само искусните професионалци можат да го понудат.“, истакна Божиновска.

— реклама —

Министерката ја потенцираше важноста на придонесот на македонските инженери во меѓународните организации како CIGRE, кои ја позиционираат Македонија како важен партнер на глобалната сцена. Вашата работа е гордост за нашата држава и пример за тоа како се надминуваат границите на знаењето и технологијата. “ истакна Божиновска.

МАКО СИГРЕ, со повеќе од 100 членови – вклучувајќи водечки енергетски компании и универзитети – е значаен партнер во унапредување на енергетските политики и воведување иновации. Божиновска најави засилена соработка со здружението, особено во примена на нови технологии и поддршка за младите инженери, поттикнувајќи ги да изберат технички професии и да дадат свој придонес во националните проекти.

„Со обединување на стручниот потенцијал, ќе создадеме средина каде што професионализмот и одговорноста се ценат, инженерските идеи се реализираат, а младите инженери го добиваат заслужениот простор за напредок. Вашата работа е основа за иднината на енергетскиот сектор, и Ви благодарам за сè што правите и ќе продолжите да правите,“ порача министерката Божиновска.

На настанот присуствуваа истакнати личности од инженерската и академската заедница, меѓу кои и претседателот на CIGRE, проф. Константин Папаилиу, генералниот секретар на CIGRE, г. Филип Адам, и претседателот на националниот комитет на CIGRE, г. Сашо Салтировски, со кои министерката Божиновска претходно оствари и директна средба во просториите на министерството, на која им посочи дека Министерството останува посветено на развој на енергетската инфраструктура, унапредување на иновациите како и зајакнување на соработката со стручната и академската заедница за изградба на одржлива енергетска иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bozinovska2-2

Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага

Македонија | пред 11 месец

03-foto-REK-Oslomej-Custom

Нов тарифник - фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на минерални суровини

Македонија | пред 1 година

bozinovska-ujp-1

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Македонија | пред 1 година

sanja-boz-2

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања