Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран дозволи минување на 33 брода низ Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
SeKXr-

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека во последните 24 часа дозволила минување на 33 брода низ Ормускиот Теснец, пренесе државната агенција Фарс.

— реклама —

Според соопштението, низ теснецот поминале нафтени танкери, контејнерски и други трговски бродови, откако добиле одобрение, координација и безбедносна заштита од морнарицата на Иранската револуционерна гарда.

Информацијата доаѓа откако висок ирански извор за Си-ен-ен изјавил дека клучниот поморски правец е повторно отворен, но дека за безбедно минување е потребна координација со иранските власти.

— реклама —

Си-ен-ен наведува дека не може независно да ги потврди тврдењата на Иран, но податоците од сервисот „МаринТрафик“ покажуваат дека неколку бродови навистина поминале низ теснецот, иако сообраќајот сè уште е значително помал од периодот пред војната.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Ормускиот Теснец „ќе биде отворен“ како дел од договорот меѓу Вашингтон и Техеран, без да прецизира дали пловидбата целосно ќе се нормализира.

Во меѓувреме, иранската агенција Тасним објави дека теснецот „нема да се врати во состојбата пред војната“ и дека Техеран ќе продолжи да го спроведува својот суверенитет над Ормускиот Теснец.

Иранската државна телевизија ИРИБ тврди дека во моментов околу 240 бродови чекаат дозвола за влез во теснецот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања