Промени тема
Контакт

ОРМУСКИ ТЕСНЕЦ

media-libraryru8s4ogg0h0ibD6dT62

Нови експлозии во Ормускиот Теснец: Иран тврди дека два танкера налетале на мини

Два нафтени танкера експлодирале откако налетале на мини во Ормускиот Теснец, додека се движеле по рута за која немале дозвола, соопшти морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).Според соопштението, објавено од иранската телевизија „Прес“, на еден од бродовите, кој е супертанкер, по силната експлозија избувнал пожар. По инцидентите, двата танкера запреле на местото на настанот.Иранската морнарица тврди дека бродовите намерно ги исклучиле системите за навигација и идентификација за тај

Свет | пред 5 дена

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Танкер нападнат во Ормускиот Теснец, на трупот биле поставени две експлозивни направи

Танкер бил цел на напад во Ормускиот Теснец откако на неговиот труп биле поставени две експлозивни направи. Според Британската агенција за поморска трговија (UKMTO), пред нападот од левата страна на бродот се приближил мал чамец.Екипажот е безбеден, пожарот што избувнал по нападот е изгаснат, а не е предизвикана ниту еколошка штета. Бродот продолжил да плови кон следното пристаниште.Инцидентот се случил на околу 25 наутички милји североисточно од оманскиот град Касаб. Засега не е познато кој сто

Свет | пред 1 седмица

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Осум земји во Истанбул разговараа за повторно отворање на Ормускиот Теснец

Министрите за надворешни работи на осум европски и блискоисточни земји се состанаа во Истанбул, каде што разговараа за повторно отворање на Ормускиот Теснец и за кризите на Блискиот Исток. На состанокот учествуваа претставници на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Саудиска Арабија, Египет, Пакистан и Турција.Разговорите биле посветени на израелско-палестинскиот судир, состојбата во Јемен, безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец и можностите за завршување на војната меѓу Русиј

Свет | пред 2 седмици

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран повторно објави дека Ормускиот Теснец е затворен: Забранет е преминот за странски бродови

Иранската револуционерна гарда повторно соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и дека на странските бродови им е забрането да минуваат низ овој стратешки поморски премин.„Ормускиот Теснец е затворен и забранет е преминот за странски бродови“, се наведува во соопштението на морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).Од ИРГЦ предупредуваат дека безбедноста на пловидбата ќе биде загрозена за бродовите што ќе ги прекршат иранските прописи во теснецот, пренесува агенцијата ИР

Свет | пред 2 седмици

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Експлозија на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, се сомнева дека удрил во поморска мина

Нафтен танкер експлодирал во Ормускиот Теснец откако удрил во поморска мина, објави иранската телевизија „Прес ТВ“, повикувајќи се на извори од Иранската револуционерна гарда.Минатиот месец Револуционерната гарда соопшти дека Техеран воспоставува зона источно од Ормускиот Теснец, во која пловидбата е дозволена само со координација со иранските власти, пренесува „Срна“.САД и Израел извршија напади врз Иран на 28 февруари годинава, по што иранската војска возврати со напади врз Израел и американск

Свет | пред 3 седмици

media-librarysaecaqc3pilr1Dz1i88

Два товарни брода погодени кај Ормускиот Теснец, еден потона

Поморскиот сообраќај во Ормускиот Теснец се соочува со нова ескалација откако контејнерски брод потона во близина на стратешкиот премин, а друг товарен брод наводно се соочува со опасност од потонување. Инцидентите се случуваат во период на засилени ирански напади врз трговските пловила, од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.Британската агенција за поморска трговија УКМТО пријавила најмалку пет инциденти во изминатите 48 часа, меѓу кои и напади со беспилотни летала врз танкери и други

Свет | пред 3 седмици

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Два комерцијални брода погодени од непознати проектили во Ормускиот Теснец

Два комерцијални контејнерски брода биле погодени од непознати проектили во два одделни инцидента во Ормускиот Теснец, соопшти денеска Британската агенција за поморска трговија (УКМТО). И двата брода претрпеле помали оштетувања, а меѓу членовите на нивните екипажи нема повредени.Според информациите на агенцијата, во првиот инцидент бил погоден контејнерски брод со тежина од 50.000 тони, додека влегувал во Ормускиот Теснец.„Бродот претрпе помали оштетувања, немаше повредени, а пловидбата безбедно

Свет | пред 3 седмици

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Техеран постави седум услови за отворање на Ормускиот Теснец

Иран сè уште го разгледува одговорот на САД на својот предлог за повторно отворање на Ормускиот Теснец, а Вашингтон ќе добие одговор преку посредници откако ќе заврши процесот, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.Тој соопшти дека Техеран продолжува да разменува пораки со американската страна преку посредници, пренесе „Ал Џезира“.Иран му доставил на Вашингтон седум услови за нормализирање на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, најавувајќи дека то

Свет | пред 3 седмици

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран најави затворање на дел од пловните рути во Ормускиот Теснец

Иран најави дека наскоро ќе ги затвори пловните рути во Ормускиот Теснец, кои ги смета за нелегални. Ова го изјави Мохамедреза Нагди, советник на командантот на Иранската револуционерна гарда.Според Нагди, станува збор за рути создадени со пробивање и оштетување на одредени карпести премини во стратешкиот пловен пат. Тој тврди дека овие премини биле користени од чамци за шверц на нафта.Изјавата доаѓа во период на неизвесност околу извозот на сурова нафта од Блискиот Исток преку Ормускиот Теснец,

Свет | пред 1 месец

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Извозот на нафта од Блискиот Исток се зголеми, Ормускиот Теснец повторно клучен

Извозот на сурова нафта од Блискиот Исток во септември се зголемил на 12,8 милиони барели дневно, што е највисоко ниво од почетокот на израелско-американската војна со Иран во февруари, покажуваат податоците на Kpler.Растот главно се должи на зголемениот извоз преку Ормускиот Теснец, низ кој овој месец се очекува да минуваат околу 7,4 милиони барели нафта дневно. Саудиска Арабија, пак, дел од својот извоз го пренасочила од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако во нападите бил оштетен важе

Свет | пред 1 месец

media-libraryglsks3vjdf674G9jBom

Трамп го преименува Ормускиот Теснец во „Проток Трамп“

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут Соушл“ објави карта на која Ормускиот Теснец е означен како „Проток Трамп“. Објавата следува откако Иран понуди повторно отворање на стратешкиот воден коридор во рок од една недела, под услов САД да исполнат неколку барања, јави „Асошиејтед прес“.Објавата на Трамп е прв јавно забележлив сигнал за неговата позиција откако Техеран го претстави новиот предлог. Иранската страна најави дека е подготвена за повторно отворање на Ормускио

Свет | пред 1 месец

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иран: Ормускиот Теснец може да биде отворен за неколку дена ако САД ја укинат блокадата

Висок ирански претставник изјави за Ројтерс дека Иран би можел повторно да го отвори Ормускиот Теснец во рок од неколку дена доколку САД ја укинат блокадата. Тој Генералното собрание на Обединетите нации го опиша како „златна можност“ за обновување на дипломатијата меѓу Техеран и Вашингтон.Американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе присуствуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк, што ќе биде првпат да се најдат на ист настан откако Трамп во февруари

Свет | пред 1 месец

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Двајца морнари исчезнати, 23 спасени по напад врз танкер во Ормускиот Теснец

Двајца морнари се водат како исчезнати, а 23 се спасени по нападот врз нафтен танкер во Ормускиот Теснец, соопштија оманските власти.Танкерот „Ел Гаја“, кој плови под знамето на Панама, беше нападнат во вторникот, а сега се влече кон едно од пристаништата во Оман.По нападот на бродот избувнал пожар во машинскиот простор, соопшти Оманскиот центар за поморска безбедност. Инцидентот се случил на околу 2,4 километри северно од полуостровот Мусандам.За причината за нападот постојат спротивставени твр

Свет | пред 1 месец

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Нафтата над 108 долари за барел: Нов напад во Ормускиот Теснец и затворен саудиски нафтовод

Цената на суровата нафта Брент повторно се искачи над 108 долари за барел, откако трговски брод беше погоден во Ормускиот Теснец, при што загина еден член на екипажот. Во исто време, Саудиска Арабија привремено го затвори својот главен нафтовод, кој овозможува транспорт на нафта без минување низ овој важен воден пат.Нафтениот пазар реагираше на повеќе негативни вести од Заливот. Брент за испорака во октомври и ноември поскапе за повеќе од три отсто и надмина 108 долари за барел, додека американс

Свет | пред 1 месец

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

Нападнат трговски брод во Ормускиот Теснец, 13 членови на екипажот се спасени, еден исчезнат

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице се води како исчезнато по нападот врз трговскиот брод „MT El Gaia“ во близина на брегот на Оман, во Ормускиот Теснец.Во моментот на нападот на бродот имало 14 индиски членови на екипажот. Индиското министерство го осуди нападот и соопшти дека индиската амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и соработува со тамошните власти во тековната операција за потрага и спасување.Њу Делхи п

Свет | пред 1 месец

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Иран веројатно е одговорен за нападот врз клучниот нафтовод во Саудиска Арабија

Нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија претрпе прекин откако беше затворен нафтоводот Исток–Запад, една од клучните извозни рути на кралството, која овозможува транспорт на сурова нафта без користење на Ормускиот Теснец.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран веројатно стои зад воздушниот напад врз Саудиска Арабија по кој нафтоводот бил затворен.„Мислам дека се тие, веројатно се тие“, им изјави Трамп на новинарите во Даблин, одговарајќи на прашањето дали Иран е одговорен за

Свет | пред 1 месец

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Тајна американска операција во Ормускиот Теснец: Нуркачи и подводни дронови ги уништувале мините

САД во изминатите четири месеци во тајност спроведувале операција за отстранување морски мини од Ормускиот Теснец, во обид да се овозможи продолжување на поморскиот сообраќај низ оваа стратешки важна морска рута, објави „Фајненшел тајмс“.Операцијата, која главно се изведувала во текот на ноќта, вклучувала нуркачи на американската морнарица, роботизирани пловила и специјализирана подводна опрема. Според извори запознаени со операцијата, таа започнала по нападите на САД и Израел врз Иран во февруа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп предлага Ормускиот Теснец да го носи неговото име: „Трампов Теснец“

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормускиот Теснец да биде преименуван по него, и тоа во време кога стратешкиот пловен пат е една од клучните точки во актуелниот конфликт со Иран.Трамп предлогот го објави на социјалната мрежа „Truth Social“, помалку од една недела откако потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“.„Сега кога е под контрола на САД, дали треба да го промениме името на Ормускиот Теснец во Трампов Теснец? Како и самата Америка, би бил

Свет | пред 2 месеци

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Само четири товарни бродови вчера поминале низ Ормускиот Теснец: Сообраќајот драстично намален

Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец бележи значителен пад по најновата ескалација меѓу САД и Иран. Во текот на вчерашниот ден низ теснецот поминале само четири товарни бродови, покажуваат прелиминарните податоци за поморскиот сообраќај, објавени во средата.Според податоците на компанијата „Кплер“, на кои се повикува „Ројтерс“, бројката е значително помала од претходниот ден, кога биле регистрирани 10 бродови, како и од десетдневниот просек од околу 13 бродови дневно.Меѓу бродовите што вчер

Свет | пред 2 месеци

SeKXr-

Нафтата поевтинува, пазарите се надеваат на повторно отворање на Ормускиот Теснец

Цената на нафтата на светските пазари падна кон 86 долари за барел, поттикната од надежите дека напредокот во разговорите меѓу Иран и Оман може да доведе до повторно отворање на Ормускиот Теснец и олеснување на нарушувањата во поморскиот сообраќај.На лондонскиот пазар, цената на барелот брент околу пладне изнесуваше 86,70 долари, што е пад од 1,88 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар, нафтата поевтини за 1,61 долар, на 80,75 долари за барел.Во центарот на вниманието с

Свет | пред 2 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Иран и Оман се договорија да работат на воспоставување привремен навигациски коридор низ Ормускиот Теснец, со цел постепено да се овозможи нормализирање на бродскиот сообраќај низ овој стратешки важен воден пат.Договорот бил постигнат на средбата во Техеран меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Бадр Албусаиди и Абас Арагчи. Предвидено е, покрај привремениот коридор, да се работи и на расчистување на мини и воспоставување траен навигациски коридор.Иранскиот заменик-министер за надв

Свет | пред 2 месеци

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Само два танкери поминале низ Ормускиот Теснец: Сообраќајот падна на најниско ниво од мај

Само два танкери вчера поминале низ Ормускиот Теснец, една од најважните поморски рути за глобалниот транспорт на енергенси. Тоа е најмал број товарни пловила што за еден ден ја поминале оваа стратешка рута од почетокот на мај, покажуваат податоците за движењето на бродовите.Според платформата за следење на бродови „Кплер“, до 8:57 часот по средноевропско време низ Теснецот од Оманскиот Залив во Персискиот Залив влегле еден многу голем брод за транспорт на гас и еден многу голем танкер за сурова

Свет | пред 2 месеци

media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец, но нема да се вклучи директно во мисијата

НАТО одржа видеоконференција со сојузниците за можен придонес во обезбедувањето на слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец, но од Алијансата нагласуваат дека не станува збор за мисија на НАТО.Состанокот на ниво на началници на генералштабови бил одржан во средата, 19 август, со цел да се разгледаат можните придонеси на заинтересираните сојузници за поддршка на слободата на пловидба низ теснецот.Портпаролот на врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генералот на американското воено

Свет | пред 2 месеци

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Само седум бродови минале низ Ормускиот теснец, загриженоста за безбедноста расте

Само седум бродови што превезуваат суровини вчера поминале низ Ормускиот теснец, што е речиси половина од бројот регистриран еден ден претходно. Податоците од сервисот за следење на бродови „Кплер“ укажуваат на зголемена загриженост за безбедноста на поморскиот сообраќај на Блискиот Исток, додека преговорите за мир меѓу САД и Иран и натаму се во застој.Од седумте пловила, четири влегле во теснецот, а три излегле од него. Пред почетокот на војната во февруари, низ оваа стратешки важна поморска ру

Свет | пред 2 месеци

media-library0aj5hdoctljldvustc5

Трамп објави мапа на Ормускиот Теснец со порака: „Нова територија на САД“

Нова изјава на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика реакции во врска со Ормускиот Теснец, откако тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави мапа на стратешкиот поморски премин, со натпис дека означеното подрачје е „нова територија на САД“. Трамп не даде дополнително објаснување за значењето на објавата.Објавата доаѓа во момент кога тензиите меѓу Вашингтон и Техеран повторно се зголемуваат околу статусот и безбедноста на Ормускиот Теснец. Иранскиот претседател на парламенто

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања