Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иран повторно објави дека Ормускиот Теснец е затворен: Забранет е преминот за странски бродови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library8ud7rds13skn3MIu41z
фото: unsplash

Иранската револуционерна гарда повторно соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и дека на странските бродови им е забрането да минуваат низ овој стратешки поморски премин.

— реклама —

„Ормускиот Теснец е затворен и забранет е преминот за странски бродови“, се наведува во соопштението на морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

— реклама —

Од ИРГЦ предупредуваат дека безбедноста на пловидбата ќе биде загрозена за бродовите што ќе ги прекршат иранските прописи во теснецот, пренесува агенцијата ИРНА.

— реклама —

Претходно денес, ИРГЦ соопшти дека избувнал голем пожар на супертанкер кој превезувал повеќе од два милиони барели сурова нафта. Според нивните наводи, бродот удрил во морска мина додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец по „неовластена рута“.

— реклама —

Ал Џезира, пак, објави дека од вчера биле погодени уште најмалку два танкера во близина на брегот на Саудиска Арабија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 51 минута

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 4 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 6 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања