Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Свет
media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

Два нафтени танкера се запалиле во Ормускиот Теснец откако наводно удриле во поморски мини, соопшти иранската војска, објави иранската новинска агенција ИРНА.

— реклама —

Морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда тврди дека бродовите ги прекршиле прописите, ги исклучиле навигациските и идентификациските системи и се обиделе да го напуштат Ормускиот Теснец по неовластена рута.

Според иранското соопштение, танкерите се движеле под заштита на американските воени сили кога удриле во поморските мини и се запалиле.

— реклама —

Иранската страна наведува дека, и покрај обидите на американските војници да ги изгаснат пожарите, двата брода продолжиле интензивно да горат и биле напуштени од екипажите.

— реклама —

Во соопштението, иранската морнарица упатила предупредување до сопствениците на бродови, нагласувајќи дека за безбедно минување низ Ормускиот Теснец е неопходна координација со иранските вооружени сили.

Засега станува збор за тврдења на иранската војска, а во доставеното соопштение нема дополнителни информации за имињата на танкерите и судбината на нивните екипажи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 4 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 4 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања