Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тајна американска операција во Ормускиот Теснец: Нуркачи и подводни дронови ги уништувале мините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8ud7rds13skn3MIu41z
фото: unsplash

САД во изминатите четири месеци во тајност спроведувале операција за отстранување морски мини од Ормускиот Теснец, во обид да се овозможи продолжување на поморскиот сообраќај низ оваа стратешки важна морска рута, објави „Фајненшел тајмс“.

— реклама —

Операцијата, која главно се изведувала во текот на ноќта, вклучувала нуркачи на американската морнарица, роботизирани пловила и специјализирана подводна опрема. Според извори запознаени со операцијата, таа започнала по нападите на САД и Израел врз Иран во февруари.

Американските нуркачи работеле во мали тимови, користејќи чамци на надувување, роботизирани пловила и подводни дронови опремени со сонари со висока резолуција за откривање на мините.

— реклама —

Откако мините биле лоцирани, нуркачите им се приближувале и поставувале експлозивни средства за нивно уништување. Според досегашните информации, нема пријавени американски жртви поврзани со операцијата.

— реклама —

Експертите предупредуваат дека чистењето морски мини е исклучително ризична и бавна операција, при што бродовите и хеликоптерите ангажирани во процесот имаат ограничени можности за заштита.

Сопственици на бродови и безбедносни советници сметаат дека најверојатно е исчистена јужната половина од Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, каде што САД ги насочуваат бродовите.

Сепак, тие предупредуваат дека нема доволно информации за да се заклучи дека целиот Теснец е безбеден од преостанати мини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најавува решение, но преговорите со Канада бележат мал напредок

Свет | пред 12 часа

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 1 ден

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања