Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Извозот на нафта од Блискиот Исток се зголеми, Ормускиот Теснец повторно клучен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library8ud7rds13skn3MIu41z
фото: unsplash

Извозот на сурова нафта од Блискиот Исток во септември се зголемил на 12,8 милиони барели дневно, што е највисоко ниво од почетокот на израелско-американската војна со Иран во февруари, покажуваат податоците на Kpler.

— реклама —

Растот главно се должи на зголемениот извоз преку Ормускиот Теснец, низ кој овој месец се очекува да минуваат околу 7,4 милиони барели нафта дневно. Саудиска Арабија, пак, дел од својот извоз го пренасочила од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако во нападите бил оштетен важен нафтовод.

И покрај закрепнувањето, извозот од регионот и натаму е за околу шест милиони барели дневно помал во споредба со февруари, кога достигнувал 18,8 милиони барели дневно.

— реклама —

Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во регионот, во септември се очекува да испорача околу 5,4 милиони барели дневно. За споредба, во август нејзиниот извоз изнесувал само 2,446 милиони барели дневно.

— реклама —

Испораките од заливското пристаниште Рас Танура во септември се зголемиле на околу 3,6 милиони барели дневно, од 929.000 барели дневно во август. Сепак, и тоа ниво е значително пониско од февруари, кога преку ова пристаниште се испорачувале 6,411 милиони барели дневно.

Податоците на Kpler покажуваат дека минатата недела низ Ормускиот Теснец поминале вкупно 19 големи танкери за сурова нафта. Секој од нив превезувал околу два милиони барели саудиска нафта.

Во податоците не се опфатени бродовите што можеби минале низ теснецот со исклучени транспондери, со цел да не бидат откриени, објави „Ројтерс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Цената на нафтата нагло паѓа по одлуката на Трамп за укинување на санкциите кон Русија

Свет | пред 16 часа

— реклама —
nafta-696x465-1

Пад на цената на нафтата: „Брент“ се спушти на 104 долари за барел

Свет | пред 4 дена

nafta

Нафтата Брент над 106 долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Свет | пред 5 дена

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Пад на цените на нафтата, протокот преку Ормускиот Теснец речиси нормализиран

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања