Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иран годинава погубил најмалку 901 лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy
Принтскрин/Јутуб

Во Иран од почетокот на годината се извршени најмалку 901 смртна казна, покажуваат податоците на вашингтонската организација за човекови права „Абдораман Боруманд“. Само во првите седум месеци од 2026 година се документирани стотици егзекуции, а значителен дел од нив се поврзани со обвиненија за национална безбедност, кривични дела поврзани со дрога и припадност на етнички малцинства.

— реклама —

Според извештајот, меѓу јануари и јули најмалку 56 лица биле погубени поради политички обвиненија или дела поврзани со националната безбедност. Од нив, 29 биле поврзани со јавни протести, 13 биле обвинети за шпионажа, а 14 биле осудени за други безбедносни кривични дела.

Најмалку 268 лица биле погубени за дела поврзани со дрога. Податоците покажуваат и несразмерно висок број егзекуции меѓу етничките малцинства. Во првите седум месеци биле погубени најмалку 98 припадници на малцински заедници, меѓу кои 40 Белуџи, 29 Курди, 21 Авганистанец, шест Арапи, еден Турчин и еден Туркмен.

— реклама —

Меѓу погубените има и 16 жени и две лица кои во времето на наводното кривично дело биле малолетни. Во пет случаи смртната казна била извршена јавно.

— реклама —

Најголем број егзекуции биле регистрирани во провинциите Разави Хорасан – 95, Исфахан – 71 и Алборз – 57.

Податоците се надоврзуваат на предупредувањата на Обединетите нации за растот на примената на смртната казна во Иран. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештај до Генералното собрание навел дека во 2024 година во земјата биле погубени најмалку 975 лица, што било за 17 отсто повеќе од претходната година и највисок број од 2015 година.

— реклама —

ОН во повеќе наврати изразија загриженост и поради фер-постапката во судските процеси, како и поради наводите дека признанија биле изнудувани со мачење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 3 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 3 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања