Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман се договорија да работат на воспоставување привремен навигациски коридор низ Ормускиот Теснец, со цел постепено да се овозможи нормализирање на бродскиот сообраќај низ овој стратешки важен воден пат.

— реклама —

Договорот бил постигнат на средбата во Техеран меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Бадр Албусаиди и Абас Арагчи. Предвидено е, покрај привремениот коридор, да се работи и на расчистување на мини и воспоставување траен навигациски коридор.

— реклама —

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, изјави дека привремената рута за бродовите што влегуваат во Персискиот Залив ќе минува низ ирански води, додека излезната рута ќе минува низ ирански и омански води.

Двете земји ќе продолжат со разговорите во следните 30 до 60 дена, при што ќе се разгледуваат и механизмите за управување со сообраќајот, размена на информации и обезбедување навигациски и безбедносни услуги.

— реклама —

Разговорите се одржуваат во период на засилени дипломатски напори околу Ормускиот Теснец. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со напади врз Оман доколку земјата ги попречува разговорите меѓу Вашингтон и Техеран.

— реклама —

Иранските власти во меѓувреме разговарале и со пакистанска делегација за прашањата поврзани со теснецот, како дел од напорите за продолжување на преговорите за ставање крај на војната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 19 минути

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 3 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 5 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања