Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иран: Нема преговори со САД, Ормускиот Теснец останува затворен до исполнување на условите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Меѓу Иран и САД во моментов нема преговори, изјави високиот ирански функционер Мохсен Резаи, советник на врховниот верски водач на земјата, во интервју за телевизијата „Ал Мајадин“.

— реклама —

Техеран бара Вашингтон да исполни седум услови од привремениот договор постигнат во јуни пред повторно да се отвори Ормускиот Теснец и да продолжат преговорите. Резаи посочи дека Иран побарал јасен одговор од американската страна, но сè уште не го добил.

— реклама —

Меѓу барањата на Иран се укинување на американската поморска блокада, санкциите за иранската нафта, ослободување на замрзнатиот имот и прекин на воените операции. Привремениот договор беше потпишан на 17 јуни, но набргу пропадна поради несогласувањата околу Ормускиот Теснец.

— реклама —

Во меѓувреме, Катар се обидува да посредува и предложил договор според кој САД би ја укинале поморската блокада и би ослободиле дел од иранскиот имот, а Иран би им дозволил на меѓународните нуклеарни инспектори пристап до бомбардираните постројки и би го отворил Ормускиот Теснец.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретнал со катарските посредници. По средбата ја намалил веројатноста за избувнување поголем воен судир, но потврдил дека не го прифаќа актуелниот ирански предлог за примирје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 53 минути

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

(Видео) „Требаше да имате акции“ – Трамп му одговори на новинарот кој го праша за неговото богатство

Свет | пред 1 ден

media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

Трамп се закани со уништување на 38 мостови во Иран за само еден час

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања