Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран повторно ја предупреди Бугарија да не дозволува користење на својата територија за американски или израелски воени операции против Техеран, при што порача дека го задржува правото да го нападне местото од кое би потекнувал евентуален напад.

— реклама —

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, нагласи дека Техеран „нема проблем со бугарскиот народ“, но дека евентуалното овозможување воени операции против Иран би се сметало за учество во агресија.

Според него, Иран има право да го нападне „изворот, односно местото на потекло“ на секој акт на агресија против земјата.

— реклама —

Багаеи се осврна и на информациите дека неколку авиони за снабдување со гориво претходно ја напуштиле територијата на Бугарија. Тој оцени дека дозволувањето на нивно присуство во бугарска воена база претставува поддршка за американските и израелските воени активности против Иран.

— реклама —

Техеран и претходно ја предупредуваше Бугарија, членка на НАТО и на Европската Унија, да не дозволи користење на нејзините воздушни бази за американски воени операции.

Минатиот месец, бугарскиот парламентарен одбор за одбрана одобри предлог на Владата за привремено распоредување американски авиони-танкери и американски воен персонал во воздухопловната база Безмер.

— реклама —

Багаеи повторно го коментираше развојот на иранската воена стратегија, велејќи дека Техеран „долго време игра шах“, но дека во последните години „научил да игра и покер“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 17 минути

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 3 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 5 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања