Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран одговори на заканата на Трамп дека „цивилизацијата ќе изумре“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку својата социјална мрежа Truth Social упати закана кон Иран, тврдејќи дека „целата една цивилизација вечерва ќе изумре и никогаш повеќе нема да се врати“. Тој додаде дека „47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат“ и ја благослови „големата нација на Иран“.

— реклама —

Гласноговорничката на иранската влада, Фатеме Мохаџерани, оцени дека заканите на Трамп се „знак на незнаење“ и нема да придонесат за дијалог. „Вратите на дијалогот се отвораат со почит; патот на закани и понижувања не води кон разговор“, рече Мохаџерани, нагласувајќи дека заканувањето на „цивилизација“ покажува непознавање на историјата на иранскиот народ.

— реклама —

Американскиот државен секретар Марко Рубио исто така најави дека „ќе има повеќе вести во текот на денот“ за можна дипломатска комуникација со Иран.

— реклама —

Иранското Министерство за надворешни работи преку својот портпарол Есмаил Багаеи истакна дека „силата на културата, логиката и верата во праведноста на сопствениот пат ќе преовлада над голата сила“.

Првиот потпретседател на Иран, Мохамад Реза Ареф, порача дека иранската цивилизација илјадници години преживеала „заблуди“ на непријателите и дека Иран нема да се плаши од заканите на Трамп. „Нашиот одговор на бруталноста на непријателот е цврсто да стоиме и да се потпираме на внатрешната сила на иранскиот народ“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања